Почетна Животен стил Стартапи од Србија и регионот кои ја менуваат авио-индустријата

Стартапи од Србија и регионот кои ја менуваат авио-индустријата

СПОДЕЛИ

Вториот по ред воздухопловен самит SEAS 2018 кој го организира порталот Tango Six  официјално е отворен во белградскиот хотел Краун Плаза. На крајот на првиот ден на конференцијата се одржа и панел на тема технологиите во авијацијата, во рамките на кои се зборуваше за авио старт апите и начините на кои иновативните компании моажат да ја обликуваат и менуваат традиционалната и затворена индустрија.

Учесниците на панел дискусијата беа Крешимир Будински, CEO старт ап Air Ticket Arena, Слободан Вучковиќ, оснивач на компанијата AirDB , како и Примож Грајжл, CEO на словенечкиот стартап MedicoApps. Дискусијата со панелистите ја водеше Марко Мудриќ, кој веднаш на почетокот ги праша своите соговорници на кој начин технологијата ја обликува авио-индустријата и колку е тука всушност улогата на стартапите?

авио-индустријата

Крешимир пред се го истакна проблемот дека авио компаниите се многу конзервативни и троми, односно дека технолошките компании можат да ја искористат таа ситуација за влез на овој голем пазар.

Зборувајќи за Air Ticket Arena, тој истакна дека целиот проект е создаден со цел да се влезе во сегментот на дистрибуцијата на билетите , и дека самиот систем се темели на услугата која ја нуди Uber или Airbnb:

“Голем број на авио компании немаат напредни дистрибутивни канали со помош на кои би опсслужувале голем број на корисници кој се мери во десетици милиони, а токму сличен проблем решаваат стартапите каков што е и нашиот.”

Како што истакна Будински, факт е дека денес имаме млада популација која живее со мобилни телефони, а чии живот е забрзан.  Токму така е и создаден city break туристичката индустрија која е многу важна за авио индустријата, па во овој сегмент забележавме голема шанса да во кус период отвориме простап за резервација за различни летови.

Blockchain и во авио-индустријата?

Од друга страна, Слободан оценува дека авио-индустријата се темели врз ентузијазам, и дека големите компании не сакаат класечен развој.Според неговите зборови, многуте технолошките решенија во светот на авио-транспортот не успеаа од причина што таа индустрија искажува страшно голем отпор кон новите решенија. Меѓутоа, има ли примери кои укажуваат дека се можни промени? Вучковиќ укажува:

“Новиот производ на кој работиме се темели врз blockchain технологијата, која големите традиционални компании ја препознаа како шанса која може да им донесе заштеди. Сепак, засега тоа не мора да значи дека оваа индустрија ќе ја прифати новата технологија, потребно е многу докажување, но нашата идеја е да го искористиме сето ова на ниво на податоци и да и понудиме на авио индустријата – како би им понудиле поголема сигурност и заштеда.”

Повеќе за словенечкиот старт ап МедикоАппс зборуваше CEO Примож Грајжл, кој на публиката во Белград повеќе и ги доближи хардвердските решенија на компанијата која работи во Швајцарија и Словенија. Тој образложи колку било тешко да ги запознаат инвеститорите со начинот на работењето на нивните решенија, Грајжл појасни дека нивниот производ е наменет за пилотите да ги мониторат основните витални функции – како нивото на кислородот и останатите основни работи, што представува еден од основните предуслови за безбедноста во авио транспортот.

На прашањето на моделаторот колкав предизвик за Ердб да се дојде до капитал и на кој начин тешеле преговорите со инвеститорите, Слободан оценува дека голема работа за компанијата представувал влезот во Боинг, и дека оваа година тимот ке биде во Сан Франциско со можност да го претстави својот проект пред големата конкуренција.

“Инвеститорите имаат свој интерес да заработат на еден производ. Ние бевме еднаш приморани да се откажеме од еден наш производ за кој вложивме и труд и пари, разбирајќи дека не можеме да продолжиме да го работиме со оглед дека инвеститорите не ги заинтересира. Сега ги развиваме производите за кои сме убедени дека имаат потенцијал.“

Без внатрешна потрошувачка нема ни развој.

Пред самиот крај на дискусијата, прашање за сите панелисти се однесуваше на врската помеѓу иновативните стартап компании и традиционалната авио-индустрија, како и што е тоа, барем засега, што претставува сериозна пречка, вклучувајќи ги и регулативите?

Крешимир кажа дека големите традиционални компании не сакаат промени и дека старт апите во развитокот на одделни решенија можат да изгубат значително драгоцено време. Сепак Слободан акцентот го стави пред се кон одделни пречки со кои се соочува стартап еко системот, додавајќи дека нашиот регион нема внатрешна потрошувачка која би претставувала иницијатор на развојот и во исто време да го генерира истиот, а каде државата игра главна улога.

“Државата мора да ја регулира инвестиционата клима, што подразбира и едукација, како фирмите би можеле да се развиваат и на локално ниво. Наша задача е да ја убедиме државата тоа да го работи, додека иновативните компании, во таков случај, ќе си го најдат сопствениот пат до успехот, како и излезот на поголемиот пазар”, заклучи на крајот Слободан.