Почетна Претприемач 101 Платформи за блогирање од кои може да заработувате

Платформи за блогирање од кои може да заработувате

СПОДЕЛИ

Ако сакате да го споделите вашето знаене  во врска со темите кои ве интересираат, и самите можете и самида станете блогер.Да ви го олесниме почетокот,еве кои платформи можете да ги употребите.

Yola

Yola е идеална за почетници,кои до сега не се опробале во блогерството.Иако ве ограничува истовремено да имате само два блога,односно сајта,за почеток ќе ви бидат сосема доволно.

Овде можете да бирате помеѓу десетици дизајнирани теми се додека не ја пронајдете онаа која целосно се вклопува во вашиот замислен концепт и кој ви одговара и естетски и функционално.
На располагање ви е 1гб простор за сместување на најразлични документи и податоци,при што неморате да се грижите за несаканите реклами на вашиот блог,ако сами не сте ги одбрале.
WordPress
WordPress e една од најкористените платформи за блогирање. Исто така, многу големи компании ширум светот ја користат за да ги изработат своите корпоративни веб сајтови.
Оваа платформа е едноставна за користење и можете да креирате свој веб сајт за само неколку кликови. Можете да користите бесплатна тема или за незначителна сума на пари да купите готова тема.
Исто ќе добиете поддршка од меѓународната WordPress заедница, каде секогаш можете да добиете помош и совет.
Ако започнете со блогирање, ова е најдобриот избор кој можете да го направите.
Tumblr
Tumblr иако е поблиска со Twitter, сепак оваа платформа е добра за микроблогирање. На оваа платформа нема да се соочите со никаква цензура, што е добро за луѓе кои сакаат во потполност да се изразат.
Единствената предност која ја има оваа платформа во споредба со останатите е нејзината феноменална мобилна апликација.
loading...
loading...