Почетна Маркетинг Герила маркетинг

Герила маркетинг

СПОДЕЛИ

Герила маркетинг по дефиниција е поврзување на промотерите од вашиот маркетинг сектор дирекно со корисниците. Всушност, тоа е концепт каде на необичен и возбудлив начин ќе го промовирате производот.

герила маркетинг

Со оглед на тоа што се воспоставува лична комуникација, герила маркетинг стратегиите, одземаат многу време. Меѓутоа не се потребни големи финансиски средства за да се спроведат, а имаат голема ефективност. На кратко, со мали вложувања и доволно време ќе имате ефективна маркетинг кампања. Ако размислиме подобро, тоа е и една од главните цели на овој вид маркетинг: со помалку пари да постигнете повеќе.

Најдобри примери за герила маркетинг се: делење флаери, присуство на настани, промоции на фестивали и слично.

Колку често ќе ги повторувате активностите, многу зависи од маркетинг целите на компанијата и претходно спроведените кампањи.

герила маркетинг

loading...
loading...