Почетна Маркетинг Иднината на дигиталниот свет

Иднината на дигиталниот свет

СПОДЕЛИ

Иднината на дигиталниот свет секојдневно се трансформира и тоа токму пред нашите очи. Доаѓаат многу нови генерации кои секојдневно се се повеќе подлежни на дигиталното влијание преку своите смартфони, таблети, десктоп и преносни компјутери.

дигиталниот свет

Овде доаѓа и познатата изрека „Ако нешто не знаеш, прашај го Google“ а воедно и зборот “googling” влезе во англискиот речник. Може да се каже дека е ова е последица на големиот извор на информации кои можете да ги најдете. Најважна е да се потенцира достапноста до информации во денешно време, која е навистина голема.

Целата достапност до информации може да се каже дека е конзумација на информации од медиумите. Ваквата информираност драстично ќе го смени и ќе направи огромни промени во офлајн маркетингот – телевизија и печатени медиуми.

дигиталниот свет

Оваа констатација според стручни лица од медиа сверата се темели на пет главни причини:

  • Конзумацијата на информации од дигиталниот свет постојано расте, се останато се намалува.
  • Онлајн маркетингот се развива, офлајн маркетингот стагнира.
  • Поредокот оди вака: Google, Facebook и сите останати.
  • Традиционалната телевизија го достигна својот максимум во минатото, но никогаш нема да исчезне.
  • „The next big thing“ не се паметните часовници или наочари. Па дури ниту виртуелната реалност.