Почетна Претприемништво Како дизајнерските решенија му помагаат на бизнисот?

Како дизајнерските решенија му помагаат на бизнисот?

СПОДЕЛИ

Кога дизајнирате, не го дизајнирате само логото, веб сајтот или бренд идентитетот, дизајнирате решенија на дадени проблеми. Без разлика дали е стар проблем или нов и дали корисникот е свесен дека постои, дизајнерските решенија влијаат на негово решавање.

дизајнерските решенија

Дигиталниот идентитет им „зборува“ на различни корисници.

Многу компании кога после сегментацијата на пазарот се фокусираат само на еден сегмент, на најважниот. Тие се така наречени примарни корисници. Меѓутоа, мора да им обрнете внимание и на секундарните корисници (вториот најважен сегмент на пазарот). Добриот дигитален идентитет, е насочен кон примарните корисници, но е интересен и за секундарните.

Вршете дел од задачите онлајн.

Не сите активности може да ги префрлите во онлајн светот. Но, дефинитивно тоа го подобрува корисничкото искуство. Добриот дизајн ќе ви овозможи се повеќе корисниците да ги користат вашите онлајн услуги. Ова драстично ќе ја намали административната работа, ќе ви заштеди време и пари.

Слушајте ги своите корисници.

Поголемата работа од дизајнирањето е да слушате. Ова многу често е клучниот сегмент во дизајнирањето. Слушајте внимателно и не го прекинувајте соговорникот. Запишувајте што ви кажуваат и запомнете дека клучната порака која ја имаат корисниците се наоѓа таму.

дизајнерските решенија

Одвојте време да размислувате.

Реално, колку добри идеи да имате и информации од корисниците, одвојте време и размислете. Првото дизајнерско решение не е секогаш најдоброто. Дајте си време да согледате повеќе аспекти.

дизајнерските решенија