Почетна Животен стил Samsung работи на екран кој се превиткува

Samsung работи на екран кој се превиткува

СПОДЕЛИ

Екран кој е растеглив наскоро ќе биде презентиран пред јавноста од страна на Samsung. После Edge екраните, овој новитет ќе направи пресврт на пазарот на технологија. Ова е првиот екран од тој тип.

Станува збор за 9.1 инчен (23cm) екран кој ќе може да се користи кај преносните уреди (лаптоп, таблет и смартфон) и кај автомобилите.

Екран

Додека актуелните OLED екратни може да се превиткаат само на едната страна, новиот екран на Samsung ќе се превиткува на двете страни. Па така, ќе можете да го превиткувате, кривите, склопувате, па дури и да го сролате.

Овој иновативен производ, би требало да биде претставен на саемот за електроника Society for Information Display 2017 во Лос Анџелес.

екран

Аналитичарите будно го следат претставувањето на екранот кој претставува уште една револуција во индустријата. Тие веруваат дека тој ќе допринесе за раст на пазарот на мобилни уреди. Минатата година изнесуваше 3.7 милијарди долари, а се очекува до 2022 година да достигне до 15.6 милијарди долари.

loading...
loading...