Почетна Животен стил Емили, блогерка од Франција која волонтира во Македонија

Емили, блогерка од Франција која волонтира во Македонија

СПОДЕЛИ

Емили ја запознавме како волонтер во Здруженито на Млади Правници. Доаѓа од Франција и има можност да види различни делови од светот благодарејќи му на волонтирањето. Интересно е што искуствата не ги чува само во својот дневник, но ги споделува со сите нас, јавно, на нејзиниот блог.

Работно.мк: Која е Емили?

Емили: Јас имам 23 години и сум од Франција, од регионот ‘Bretagne’ од мал град во близина на Ренес. Од јануари, живеам во Македонија, во Скопје, каде волонтирам за на меѓународна програма за размена помеѓу француската невладина организација Migreurop и MYLA Македонија.

Емили.
Емили.

Работно.мк: Раскажи ни за студентските денови.  Каков студент беше? Дали додека студираше, волонтираше?

Емили: Ги завршив студиите минатата година. Студирав политички науки во северна Франција и магистрирав со специјализација за „конфликти и развој“. Откако дипломирав барав работа или некои други можности во Франција но и во странство. Бев свесна дека Migreurop може да овозможи волонтирање со Erasmus + програмите и кога ја видов отворена апликацијата за волонтирање во Македонија, одлучив да аплицирам.

Работно.мк:  Кое е твоето прво волонтерско искуство?

Емили: Во Шпанија, во Кадикс во Андалузија. Беше за време на студирањето, и таму отидов на 9 месеци на пракса во невладина организација за заштита на човековите права. Бев вклучена во повеќе работни групи на организацијата и научив многу за заштита на правата на странците, за ситуацијата на јужната граница на Европска Унија, за човековите права во Шпанија, но и генерално за сите прашања поврзани со конекциите на различни невладини организации ширум низ Европа.

Белград, Србија
Белград, Србија

Работно.мк: Заедно со уште неколку колеги – волонтери го водите блогот  Vues d’europe et d’ailleurs .  Раскажи ни за подетално за блогот.

Емили: Мојата програма за размена во Македонија е менаџирана од француска невладина организација “Echanges et partenariats”, чија главна цел е да развие нова форма на активизам и меѓународна солидарност. Предложи ја неколку волонтери, од различни држави. Значи, ние сме неколку волонтери во различни држави, но во исто време. Блогот, го делиме меѓу нас. Пишуваме статии за нашите мисии, чувства, државите каде волонтираме… Тоа е начин да споделиме искуства помеѓу нас но и со другите. И да бидам искрена, за мене, ова е прв блог. Навикната сум да пишувам додека патувам, но со хартија и пенкало… На овој начин, со блог, е добар начин за споделување искусатва.

Работно.мк:  Како дојде до тоа да волонтираш во Македонија?

Емили: Јас не ја избрав Македонија. Јас аплицирав за мисија која го истворавува целите на Migreurop, која беше во Македонија. Но веќе неколку години размислував да одам на Балканот. Фактот дека Македонија е на границите со ЕУ и со оглед на случувањата со мигрантите и правата на странците, мисијата многу ме заинтересира, беше поврзана и се надоврзување на моите претходни искуства.

Работно.мк: Направи разлика помеѓу волонтер во Македонија и волонтер во Франција.

Емили: Можеби најголемата разлика е во јазикот. Во Франција бев вклучена во поголемиот дел активности, средби, настани… Овде иако многу работи се на англиски, прашањето околу јазикот некогаш е пречка да бидам инволвирана колку што сум навикната. Но сепак е добро искуство и можам да откријам нов начин на волонтирање. И навистина уживам во учењето на македонскиот јазик.

Работно.мк: Што имаш да им порачаш на младите луѓе?

Емили: Не знам дали сум јас најдобра за да можам да давам совети. Можеби само да верувате во своите соништа и да се борите за нив. И јас знам дека моменталната состојба во Македонија е прилично комплицирана, но, од моја гледна точка, имате многу вештини и ова е преубава земја, и обидете се да го зачувате тоа.

 

loading...