Почетна Кариера Како Google ја зголемува продуктивноста?

Како Google ја зголемува продуктивноста?

СПОДЕЛИ

За да им помогнат на новите вработени да се адаптираат побрзо, компаниите обезбедуваат програми кои ќе им помогнат на вработените да научат како системите функционираат, да развијат меѓусебни врски, им ја објаснуваат новата улога во компанијата и им овозможуваат услови за навикнување на работата. Еден ваков проект имаше и Google се со цел да ја зголемува продуктивноста кај своите вработени.

зголемува продуктивноста

Всушност, еден имејл ја заврши работата. Менаџерите до своите вработени испраќале имејл-ови пред почетокот на работното време. Но, содржината не била стриктните работни задачи туку многу повеќе.

Во содржината на имејлот кој бил испраќан се наоѓа дискусија за работната позиција, спојување со одреден колега од тимот, целите кои сака тимот да ги постигне за 6 месеци и секој вработен е охрабрен на дијалог и да даде нови идеи.

Google дошол до заклучок, дека на овој начин на комуникација со своите вработени, нивната продуктивност се зголемила за 25%. Вработените биле повеќе ангажирани, позадоволни и дале поголем допринос за иновативност и успешност на компанијата. Тоа што не го очекувале е фактот дека се зголемила и креативноста на вработените, но и менаџерите.

Како заклучок, Google порачува да ги направите процесите на комуникација со вработените поедноставни. Со поедноставување на процесите, основата на работењето е многу подобра.

loading...