Почетна Убавина и мода Зошто овој часовник вреди 100.000 долари

Зошто овој часовник вреди 100.000 долари

СПОДЕЛИ

На прв поглед, Патек Филип 5100P Гондоло не може да изгледа како што би очекувале часовник од 100.000 долари да изгледа. Тој не е тежок и преголем. Тој не е украсен со дијаманти. Наместо блескав и премногу комплициран, тој е елегантен и навидум едноставен. Овој вид на тивка луксузност е дел од неговата привлечност. “Зошто да потрошите 100.000 долари на часовник кога може да купите нов Тесла автомобил?” Некој може да праша  “Дали часовник од 50 долари го прави истото?” Но, вистината е дека Тесла ќе ја изгуби својата вредност штом излезе од салон, додека пластичните часовници едноставно не можат да се споредуваат.

Но, дури и кога станува збор за дизајнерски часовници, тие може да се купат за многу пониска цена. Затоа работно.мк се заинтересира за прашањето “Зошто овој часовник вреди 100.000 долари?” За да ја решиме мистеријата се распрашавме за неговите спецификации кои додаваат вредност.

Тој е од платина.

Во заедницата на колекционери на часовници, платината е повеќе барана од другите метали. Ако моделите кои се направени со повеќе метали, обично најмалку се направени со платина. Овие часовници ја задржуваат нивната вредност подобро и често постигнуваат повисок резултат на аукција. Иако платина е помалку отпорна на гребење од белото злато, што ја одржува својата форма подобро кога се користи за да се направат накит и часовници. Исто така многу е потешко да се работи со платина отколку со други метали, така што повеќе се плаќа трудот за да се изработи часовник од платина отколку од злато, а тоа се гледа и по цената.

Тој има резервна моќност од 10 дена.

Еден типичен рачен часовник има резервна моќност од 40 до 72 часа, што значи дека часовник ќе трае од еден до три дена, без потреба да се навива. Часовникот 5100P Гондоло може да трае и до 240 часа, а тоа е првиот часовник кој е опремен со таква моќна резерва. И покрај долготрајната резерва, тој е импресивен вид на иновација затоа што овој изум има многу поголема моќност содржана во иста големина и обем на часовник со една шестина од неговата способност. Тие користат иста технологија во иста големина, но пренесувањето на енергија е постојано и еднакво и со повеќе потенцијална енергија. Енергијата се складира во главниот дел. Фактот дека часовникот е во можност да ја искористи својата енергија и ја регулира повеќе од 240 часа на прецизен начин е многу импресивено.

Тој е спомен.

Патек Филип произведува спомен часовници за да ги прослави значајните историски настани и животни пресвртници. 5100 е лимитирана серија дизајнирана за да го прослави новиот милениум во 2000-та година, 1.500 парчиња беа направени со 18k жолто злато, 750 парчиња во 18k розево злато, 450 парчиња во 18k бело злато и само 300 парчиња беа направени во платина. Во светот на колекционери на часовници, изданијата со ограничени парчиња имаат тенденција да се поскапи на аукција од оние кои не се ограничени парчиња и Гондоло е дел од нив. Часовниците кои поставиле нов правец во иновациите се секогаш и секогаш ќе бидат повеќе посакувани. За овој часовник особено е препорачливо да кажеме дека не се мисли само за фактот дека тој е дел од ограничено издание, но дека тој е прв пример на достигнување во технологијата. Може да има напредок на овој модел, па дури и резерва на енергија, но 5100 се смета за репер за иднината и е широко признат како прв резултат на иновација од 21 век.

Тој е Патек Филип.

Во индустријата на часовници, името Патек Филип значи престиж. Компанијата е сопственик на целиот процес на производство. Нејзините занаетчии прецизно рачно го прават секој часовник и тоа може да потрае од девет месеци до две години да се состави само едно парче. Марката е позната по тоа што е на врвот, иноватор во индустријата. Историски гледано, Патек Филип часовниците постигнуваат врвни резултати на аукциите во светот.

Брендот моментално прави светски рекорди за најскап џебен и рачен часовник, кои се продаваат од 24 милиони доалри до 11 милиони долари. Но часовниците се одлична инвестиција, многу стари Патек Филип часовници чија вредност постојано се зголемува, цената е повисока 66 пати од оригиналната цена во продажба на мало, а дури и новите модели имаат неверојатна вредност во претпродажба само неколку месеци по нивното објавување. 5100P, особено, има постигнато аукциски резултати повисоки од 100.000 долари. Во моментов се уште само два 5100Ps достапни во секундарниот пазар. Еден во Италија по цена од $ 106.000 и еден во САД по цена од  128.000 долари.