Почетна Убавина и мода ФОТО: Извинете претседателе, но дамите имаат предност | 1 дел

ФОТО: Извинете претседателе, но дамите имаат предност | 1 дел

СПОДЕЛИ

Првите дами се секогаш во очите на јавноста. Тие треба да изгледаат прекрасно и да бидат пример во сè: од социјалните активности на семејството до модата. Најдобрите имаат шарм, духовитост, стил и силен карактер.
Оваа статија е посветена за жените на претседателите на држави кои успеаа ги да освојат срцата на милиони луѓе.

Џеки Кенеди, САД

“Мојата задача е да му покажеме на светот дека Америка не е земја на лош вкус”, вели Кенеди, сопругата на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди. И таа успеа: како икона на стилот, Џеки уште инспирира дизајнери и филмски работници. “Фустанот треба да биде доволно краток за да покаже дека сте жена и доволно широк за да покаже дека сте дама.” Џеки, исто така, ги плени луѓето со нејзината нежност, хумор, остра духовитост и вечна посветеност на нејзиниот сопруг.

Мишел Обама, САД

Жива и природна, Мишел Обама заслужува почит. Во Америка, Мишел започна програма наречена “Ајде да вежбаме!” и воспостави градина во Белата куќа.Целта беше да даде пример за здрава исхрана. Нејзиното чувство за стил е исто така вредно за пофалба: женствено и модерно. Во способностите за јавно говорење, Мишел дури го засени и нејзиниот сопруг.

Грејс Кели, Монако

Убавата и успешна Холивудска актерка ја напушти филмската кариера за да стане принцеза. Се омажи за Рение III, принцот од Монако. На својот прв Божиќен Бал како принцеза, Грејс ги покани децата од целото кнежевство. Во 1982 година, принцезата загина во сообраќајна несреќа. Таа беше вистинска икона.

Карла Бруни, Франција

Никој не знае кој има повеќе корист од овој брак, но погледот на Никола Саркози на сликате не е без причина.
Успешен топ модел, пејачка и поетеса со убавина и интелигенција – на светот позната уште пред да слушнат за политиката на Никола Саркози. И покрај прилично скандалозното минато, Карла брзо стана миленик на француските жени, пред се поради нејзината слободољубива природа.

Меланиа Трамп, САД

Фамилијата Трамп предизвика различни чувства, но едно е сигурно: Меланија го привлекува вниманието на јавноста. Таа ја започнала својата кариера на 16 години како модел на модните шоуа во Милано и Париз. Во 1999 година моделот го запознала Доналд Трамп. Милијардерот бил неколку пати одбиен, но тој продолжил да и се додворува, толку многу што го освоил нејзиното срце.

Тука може да најдете уште 5 инспиративни и успешни дами.

 

loading...