Почетна Претприемач 101 Подарок од дигиталната ера: 3 совети за имејл комуникацијата

Подарок од дигиталната ера: 3 совети за имејл комуникацијата

СПОДЕЛИ

Имејл комуникацијата е најголемиот дaр на дигиталната ера за комуникација помеѓу бизнисите. Многу корисници сметаат дека ваквата комуникација не е доволно персонализирана ит врдат дека не треба да се напушти класичната, лице в лице комуникација. Се губат предностите на толкување изразите на лицето и следењето на говорот на телото.

Можеби ова е точно, сепак ние сметаме дека во денешно време имејл комуникацијата име повеќе предности.

rabotno.mk издвои неколку причини зошто имејл комуникацијата е добра.

1.Можете да персонализирате, но никако не смеете да претерате со персонализацијата.

Запамeтете дека тој од другата страна не може да ве види. Размислете колку сакате вашиот имејл да изгледа интимен. Секој купувач сака лично да му се посветите, но не да направите да се чувствува непријатно. Запомнете, купувачите имаат личен простор во кој не смеете никако да навлезете.

2.Знајте ја целта на имејлот – што сакате да         постигнетте со неговото испраќање?

Да знаете што сакате да постигнете преку имејл е еднакво на целта што сакате да ја постигнете и да се сретнете со некого лице в лице. Конструирајте ги целите уште пред да седнете да ја пишувата пораката. Само така ќе го постигнете тоа што го посакувате. Испраќање на имејл без добро смислена порака може да ви донесе само негативни последици. Зборовите железни врати отвораат, но ако се изразите погрешно, никогаш нема да добиете одговор на пораката.

3.Не го почнувајте имејлот со директна понуда за             бизнисот.

Ова е добар начин да ја избегнете ригидноста и да градите односи врз база на доверба и разбирање. Другата страна ќе знае дека комуницира со човек, не со машина. Доколку тој ви стане сега купувач, потрудете да градите односи со него, сепак сакате повторно да купи од вас.

Имејл комуникацијата најмногу може да ви помогне да започнете да договарате состанок, да го скршите мразот. На клиентот му оставате простор да размисли дали и кога сака да се види со вас. Верувајте со добро смислен имејл повеќето од клиентите ќе се согласат да се видат со вас.

Совет на денот: Кога испраќате деловен (службен) имејл, секогаш користете ја имејл адреса на компанијата. Во очите на другата страна ќе делувате многу посериозно и професионално. Во сите други случаеви можете да го користите приватниот имејл.

loading...
loading...