Почетна Кариера Како да направите сајт од кој ќе заработувате?

Како да направите сајт од кој ќе заработувате?

СПОДЕЛИ

Без присуство на интернет, денес секој вид на деловно работење е осудено на пропаст. Иако се сите свесни за тоа, стратегијата до која се придржуваат за да ги продаваат своите производи или услуги онлајн, често се погрешни.

Денес, многу лесно можете да ангажирате професионален веб дизајнер кои ќе ви го изработи сајтот, а притоа да не ве чини многу пари. Притоа тој сајт да ги исполнува сите стандарди.

Меѓутоа сајтот сам по себе не прави пари и потребно е многу повеќе од само негова изработка.

Промовирајте го сајтот и привлечете читатели.

Една од најголемите грешки кои ги прават претприемачите е што завршуваат со нивната работа во моментот кога сајтот е направен. Информирајте се во врска со SEO оптимизација и канали за маркетинг.

Одберете целна група и понудете им содржина за која секогаш ќе се враќаат.

Не се сите корисници на вашиот сајт. И не, не го правите за сите да ве читаат. Едноставно ни производот/услугата која ја нудите не е за сите. Мора да знаете точно кому продавате и кој сакате да ве чита.

Понудете им ги вистинските функционалности на корисниците.

Откако ќе знаете на кого му продавате, ќе знаете и што корисникот сака да прави на интернет. Така ќе можете да направите функционалности на вашиот сајт, каде што корисниците ќе уживаат. Вие сте само луѓето кои им го овозможуваат тоа.

loading...