Почетна Стил Топ 3 омилени дрогериски пудри на Ким Кардашијан Вест

Топ 3 омилени дрогериски пудри на Ким Кардашијан Вест

СПОДЕЛИ

ким кардашијан

Сонувате да имате беспрекорна кожа како онаа на Ким Кардашијан Вест?

Епа сега можете и тоа да го постигнете бидејќи таа ги откри нејзините топ 3 омилени течни пудри кои нема да му наштетат на вашиот џеб.

Таа тврди дека особено ги обожава овие 3 дрогериски пудри, што може само да ни потвдри дека не секогаш луксузното значи и подобро.

Покрај луксузните брендови како што се Charlotte Tilbury и Armani со чии производи Ким е апсолутно опседната таа ги наведува и дрогериските брендови Rimmel London, Maybelline и L’Oréal Paris како попристапни за многу девојки кои не можат секогаш да си дозволат да го надминат својот буџет.

ким кардашијан

Нејзиниот прв избор е Rimmel Lasting Finish пудрата, збогатена со Comfort Serum која е и една од најпознатите течни пудри на овој бренд и која тврди де-ка има долготрајност од 25 часа, што може да одговара за многу девојки кои исто како и самата Ким имаат константно преполн распоред. Единствената лоша страна е тоа што оваа пудра не нуди толку широка палета на нијанси кои би одговарале на секој тен и многумина нема да имаат шанса да ја испробаат и да се уверат во нејзината моќ.

ким кардашијан

Исто така вреди да се спомне дека финишот на оваа пудра е доста свеж, па дури може да се каже на некој начин и природен во зависност од тоа колку ќе нанесете на лицето. Нејзината покривност е средна, што значи дека ќе го покрие целото природно црвенило на вашата кожа, но нема многу да се покаже при покривање на одредени неправилности на кожата како што се на пример акните со кои многумина од нас се соочуваат.

Втората пудра која Ким ја препорачува е онаа на Maybelline наречена Fit Me + Matte and Poreless, позната по тоа што остава мазна текстура без пори и дава одлична покривност на лицето. Од сопствено искуство можам да кажам дека оваа пудра покрива доста неправилности на лицето, таа делува толку природно за разлика од тоа што нејзиното име тврди (Matte) сепак остава некој вид на сатенски финиш (нешто измеѓу мат и природен изглед) на лицето. Палетата од нијанси е премногу разновидна на овој тип пудра што значи дека ќе има соодветна нијанса за секој од вас.

Последната омилена пудра на оваа листа е исто така доста познатата L’Oréal True Match пудра наменета најмногу за оние девојки кои имаат сув кон комбиниран тип на кожа. Оваа пудра исто како онаа на Maybelline по самото нанесување дава одреден сатенски, или подобро кажано природен финиш на лицето без да ги истакнува оние одредени суви предели на лицето кои секој од нас ги има понекогаш. Како и кај Maybelline Fit Me пудрата, палетата на нијанси на L’Oréal True Match е исто така доста обилна така што сигурна сум дека ќе има посебна нијанса за секој од вас.

Мило ми е што ова се течни пудри кои се на дофат на рака и може секој од вас да ги купи во било која наша дрогерија која ги нуди производите на Rimmel London, Maybelline и L’Oréal Paris.

Сметам дека со ова ве убедив дека секој од вас може да има прекрасна кожа како онаа на Ким без да го пречекорите вашиот буџет 😉

До следното наше читање,

Поздрав мили мои! 😘

loading...