Почетна Стил Како козметичкиот бренд Wet n Wild помага на животинскиот свет?

Како козметичкиот бренд Wet n Wild помага на животинскиот свет?

СПОДЕЛИ

Кога станува збор за приоритетите на купувачите на шминка, тие можат да се разликуваат. Додека некои се најмногу загрижени за цената, други се загрижени за етиката на самите козметички компании.

За среќа, постои бренд кој е достапен со цени, а кој редовно учествува и во добротворни цели и тоа е брендот Вет енд Вајлд (Wet n Wild). Брендот со својата нова виолетова маскара (Purple Lash Renegade Mascara) е тука да им помогне на љубителите на шминка да им возвратат на малите животинчиња на еден од најскромните начини досега.

Image result for wet n wild lash renegade mascara

Доколку во последно време не сте користеле Wet N ‘Wild, треба да знаете дека брендот е многу повеќе од ултра достапен кога станува збор за цените, но можеби нема толку прекрасни производи како пред неколку години како што многумина паметат. Брендот измина сериозно трнлив и долг пат и сега има доста пудри, руменила, хајлајтери, па дури и четки кои се cruelty free и се вегански кои бјути блогерите и клиентите ги обожаваат.

Image result for wet n wild lash renegade mascara

Wet N ‘Wild е меѓу ретките брендови кои апсолутно одбива да направи било какво тестирање на животни. Тие се посветени на благосостојбата на животните која се чини дека ја инспирирала нивната најнова добротворна цел.

Wet N ‘Wild е тука да ги едуцира фановите на шминка за тоа како потрошената шминка всушност може да биде корисна за животинскиот свет. Брендот се здружи со Програмата Wands for Wildlife на Appalachian Wildlife Refuge, добротворна организација која ги користи стапчињата од маскарите за да ги чешла крзната или пердувите на малите животинчиња со цел да ги отстрани ситните инсекти кои можеби се сеуште присутни. Стапчињата од маскара исто така ги користат за испитување кај малите животни кои се сеуште бебиња за да се потрди дека нема ништо што се крие под крзно на животното како што е повреда или сл. што можеби не било забележано на друг начин.

Не само на овој начин, туку и преку лансирање на својата нова маскара која ја споменав погоре, Вет енд Вајлд ни дава шанса и ние како корисници на овој бренд да учествуваме во оваа прекрасна добротворна цел со тоа што ќе ја купиме новата маскара. По 1 долар од секоја продажба на оваа маскара ќе биде директно пренасочен кон Appalachian Wildlife Refuge добротворната организација.

Lash Renegade маскарата можете да ја нарачате веднаш на овој линк, или да почекате да пристигне во нашите дм дрогерии и во парфимериите Shatze и со нејзиното купување и вие да бидете дел од ова добротворно движење 😁.

До скоро мили мои!

Поздрав,

Лори 😘

loading...