Почетна Маркетинг Што не треба да правам кога комуницирам со корисници?

Што не треба да правам кога комуницирам со корисници?

СПОДЕЛИ

Ако сакате сериозно да работите со маркетинг, важно е да покриете колку што е возможно повеќе канали за да дојдете до купувачи. На прво место се социјалните мрежи како најкраток пат да стигнете до целта – комуникација со корисници.

Меѓутоа, многу е можно да не можете доволно да им се посветите на социјалните мрежи. Првата причина е дека имате премногу друга работа која го окупира целосно вашето време. Втората причина е што не сте вработиле доволно луѓе и нема кој да се занимава со социјалните мрежи. Најлошата варијанта која може да ви се случи е да вработите некој одговорен за нив, а тој да не си ја знае работата.

корисници

Ако се најдете во било која од горенаведените ситуации, треба да знаете дека е време да направите нова дигитална стратегија. Меѓутоа, пред да ја направите и спроведете, бидете сигурни дека проблемот (коренот на проблемот) сте го отстраниле засекогаш.

Постојат четири карактеристични грешки кои луѓето од маркетинг може да ги направат:

  • Не сте доволно едукативни;
  • Не градите врски со купувачите;
  • Не ги следите промените;
  • Не експериментирате.

корисници

Ова се грешки кои мора да внимавате да не ги направите. Не се опуштајте, но не мора ни цело време да размислувате дека ќе паднете во замка. Размислувајте како да работите правило и да одите напред. Нема да постигнете многу ако цело време размислувате како да се заштитите себе си и на тој начин да избегнете потенцијални катастрофи.

Движете се меѓу своите корисници и остварувајте контакти со нив. Слушајте ги нивните коментари и применувајте ги во работата.

loading...