Почетна Маркетинг Маркетинг гуру: Филип Котлер

Маркетинг гуру: Филип Котлер

СПОДЕЛИ

Филип Котлер е американски маркетинг автор, консултант и професор. Има напишано преку 60 маркетинг книги. Котлер го опишува стратешкиот маркетинг како “врската меѓу потребите на општеството и неговиот модел на индустриски одговор”. За него викаат дека е татко на модерниот маркетинг.

Тој го поврзува мотивот за профит со задоволување на потребите на потрошувачите и благосостојбата на општеството. За ефикасно да се пробиете на пазар, Котлер смета дека целта на маркетингот за покачување на благосостојбата на потрошувачите мора да биде ставена во срцето на стратегијата на компанијата и да биде практикувана од сите менаџери.

Филип Котлер

На “Фајненшал тајмс” на 18 ноември 2005 година беа анкетирани 1.000 директори во 25 земји во врска со највлијателните бизнис писатели / менаџерски гуруа и Котлер на четвртото место по Питер Дракер, Бил Гејтс и Џек Велч. Прилозите на Котлер се опишани во барем една глава во секоја книга напишана за “гуруата” на бизнисот и маркетингот.

На 7 ноември 2013 година, Котлер ја добил Badge of Honor of Officer of the Order of Academic Palms формирана во Франција во 19 век.

На 19 ноември 2013 година, Котлер беше примен во Management Hall of Fame заедно со 10 други менаџерски гуруа.

На 1 март 2014 година, Котлер е број 16 на листата на 30-те најдобри менаџерски професионалци во светот и единствениот продавач.

На 28 мај 2014 година Котлер е примен во Marketing Hall of Fame во Њујорк.

На 23 април 2016 година, Котлер ја доби наградата за животно дело од Leaders International на 6-то доделување награди одрганизирано од Global Leadership Awards.

Во 2014 година, тој започна блог на fixcapitalism.com, во кој се прикажани многу статии за подобрување на капитализмот за повеќе луѓе.

Во 2016 година, тој стана советник на “Marketing Journal”, онлајн веб-сајт посветен на споделување на согледувања и следните практики во маркетингот.

Во 2017 година, Котлер ја објавил својата автобиографија – Моите авантури во маркетингот, каде раскажува за неговите искуства од неговите почетоци до сега, вклучувајќи ги и неговите ставови за теми како што се демаркетинг и бренд активизамот.

 

loading...