Почетна Маркетинг Мерење на трошоците за content marketing

Мерење на трошоците за content marketing

СПОДЕЛИ

За да се утврди успехот на вашиот content marketing, потребно е да се измери трошокот и степенот на остварување на целите. Тоа олеснува да се изврши негова евалуација. Како ќе се справите со ова во голем дел зависи од организацијата на вашиот content marketing.

Ако купувате содржина од надвор, имате предвидлива основа врз која можете да ги процените вашите трошоци. Истото важи и за оптимизација на содржината.

Додека пак ако креирате и оптимизирате содржина потребно е да ги внесете во вашите калкулации и трошоците кои произлегуваат од процесот.Колку посериозно пристапите кон овој проблем толку поефикасно ќе можете да го контролирате вашиот content marketing. За да започне процесот на контрола на содржината потребно е да се утврдат некои генерални маргини на трошоците.

Ова може да се оствари и по пат на добро таргетирање со поставување на лимит на трошоците.

При пресметување, треба да се земат во предвид следните работи:

  • Пропорционален трошок од планирањето и поставувањето;
  • Пропорционални фиксни трошоци за оптимизација;
  • Варијабилни трошоци за текст, слики и видеа;
  • Варијабилни трошоци за оптимизација.

Интересен пример на калкулирање на content marketing од B2B проект сугерира дека просечен трошок за содржина по секоја статија е 625 евра, месечно. Но, оваа бројка е дефинитивно индивидуална и во голема мера зависи од побарувачката и ресурсите на компанијата.