Почетна Претприемништво 12 фрази кои не треба да ги кажувате на работа | 1дел

12 фрази кои не треба да ги кажувате на работа | 1дел

СПОДЕЛИ

Канцелариската политика може да биде незгодна. Лесно е да кажете некои фрази погрешно кога сте под стрес или сметате дека сте биле третирани неправедно.

Можеби сте критикувале некој на неконструктивен начин. Или можеби сте биле вие критикувани и сте одговориле со префрлање на вината. Тоа е лесно да се случи кога работите рамо до рамо со различни луѓе во стресна средина.

Ако ова ви звучи познато, не се грижете. Можно е да зборувате искрено на работа без да ги навредите другите, но тоа бара малку промена во перспективата. Кога ќе се појави проблем, не размислувајте за тоа како да го избегнете, наместо тоа ќе ви покажеме како да го решите.

Стекнување на овие дипломатски вештини нема да се случи преку ноќ, затоа работно.мк има неколку совети од каде да почнете. Ќе ви покажеме како со 12 фрази, што веројатно ги слушате на работа секој ден, да се справите, зошто се непотребни и што да кажете наместо нив.

Значи следниот пат кога ќе се  појават проблеми на работа, мислете пред да кажете нешто, тоа би можело да биде почеток на една убава можност!


1.’Тоа не е мој проблем’

Зошто да не го кажете: Сите сме го слушнале тоа и во расправија кога сите зборат наеднаш лесно е да се игнорираат работи кои ‘не се проблем’. За жал може да изгледате како личност која мисли само за себе и не е тимски играч.

Наместо тоа, кажете: Предлагам да збориш со … (име на личност)


2. ‘ Но секогаш го правиме тоа на тој начин. ‘

Зошто да не го кажете: Луѓето може да се плашат од промени, а кога имаат вредност во себе, како на пр. искуство, не е секогаш легитимен изговор. Може да направи да изгледате нефлексибилни и да делувате самобендисани, односно дека секогаш сакате работите да ги правите по свое.

Наместо тоа, кажете: Тоа е различен пристап, ќе може ли да ми кажеш зошто е подобар.


3. ‘Не можам ништо да направам во врска со …’

Зошто да не го кажете: Некогаш навистина не можеме ништо да направиме во врска со некоја работа, особено ако сме ги искористиле сите ресурси. Но ставање на однос дека може да се направи нешто е подобро отколку да признаете пораз.

Наместо тоа, кажете: Малце сум заглавен во работата, ќе може ли да ми помогнеш да најдеме други опции.


4. ‘За ова ќе ти треба само 1 минута’

Зошто да не го кажете: За некои работи треба навистина само минута, но кога имате колега од кој постојано барате нешто, нема потреба да го брзате. Избрзаните работи немаат вредност и често се со грешки. 

Наместо тоа, кажете: Дозволи ми да ти кажам за временската рамка.


5. ‘Тоа нема смисла’

Зошто да не го кажете: Сите ние се збунуваме понекогаш, но кога одма донесувате ваков заклучок за некоја работа може да биде дека не сте ја разбрале. Наместо да бидете негативно настроени, обидете се да препознаете и разберете што сака другата личност да каже.

Наместо тоа, кажете: Не сум сигурен за тоа може ли да ми кажеш зошто е подобра опција.


6.  ‘ Грешиш ! ‘

Зошто да не го кажете: Ова може да искочи од уста и пред да сфатиме дека сме го кажале, проблемот е дека се граничи со етиката на работното место и може многу да налути некои луѓе. Пробајте со подипломатски пристап.

Наместо тоа, кажете: Не се согласувам со тебе и еве зошто …


Останатите 6 во вториот дел…