Почетна Претприемач 101 Од идеја до стартап

Од идеја до стартап

СПОДЕЛИ

Од идеја до стартап е најинтересниот и најдинамичниот пат кои ќе го изодите. На почетокот ништо нема да ви биде јасно. Ќе ја имате идејата и ќе се плашите да ја споделите. Стравот ќе го оправдувате со фактот дека некој ќе ви ја украде идејата. Не се секирајте сите имаат своја работа, никој нема да ја украде.

Ако ја споделите идејата, ќе добиете повратна информација. Барајте луѓето да ви ги кажуваат негативните страни и да ја критикуваат идејата. Ќе увидите некои аспекти за кои претходно не сте размислувале.

Планирајте, но не предолго. Има идеи кои се чуваат во фиока само бидејќи планот не е совршен. Да бидеме реални совршен план е невозможно да направите. Може да испланирате многу работи, но објективните фактори на пазарот да ви го сменат планот. Колку порано излезете на пазар, порано ќе ги најдете грешките и порано ќе ги увидите реалните барања на корисниците.

Стартап е нова компанија и обично е претприемачки потфат. Стартап е нов и брзо-растечки бизнис кој има за цел да исполни дел од пазарот. Најчесто претприемачите нудат иновативни производи и услуги со цел да задоволат некоја потреба.

За да отворите нова компанија, покрај тоа што треба да имате идеја, треба да имате и бизнис модел. Бизнис моделот ќе ви каже како вашиот стартап ќе создава, нуди и додава некаква вредност. Со други зборови, како ќе заработувате.

За да имате брзо растечки стартап вие мора да бидете самоодржливи и скалабилни. Самоодржливи значи дека треба да остварувате приходи кои се поголеми од трошоците. Скалабилност значи да не го презасите пребрзо пазарот и да можете да излезете надвор од границите на една држава. Притоа трошоците да не ви се зголемуваат правопропорционално со приходите.

 

loading...
loading...