Почетна Маркетинг Kако да користите видеа за онлајн маркетинг | 1 дел

Kако да користите видеа за онлајн маркетинг | 1 дел

СПОДЕЛИ

Денес, користењето на онлајн видеа се зема здраво за готово. Amazo prime video, Netflix  и останатите како нив  емитуваат содржани во вашата дневна соба. Сега,благодарејќи му на You Tube,  секој може да стане видео звезда.

Тоа е причина повеќе, внимателно да се разгледаат повеќето начини на кои видеата можат да се користат во онлајн маркетингот.

Користење на вирални видеа

Виралните видеа се ремек-дела на видео маркетингот и алатка за да се постигне неверојатен успех. Под вистински околности, тие можат да се дистрибуираат, доста експлозивно низ социјалните медиуми. Тие имаат духовита или впечатлива содржина. За кратко време, тие можат да го поттикнат интересот и на класичните медиуми.

Основната идеја, планирањето и дистрибуцијата ги сочинуваат најтешките елементи, додека самото производство на видеото е полесната работа.

Штом ќе ја достигне “критичната маса” видеото почнува да работи само за себе. Се разбира само ако неговата содржина е исклучително атрактивна – духовита, пренесува важна порака, или пак нуди решение на определен проблем.

Значи, размисли за ова: како може да се допре (стигне) до определена публика со видео кое носи кратки, ефективни, и идеално би било, не премногу рекламни пораки?

Содржина, содржина, содржина

Кај онлајн видата, нивото на вниманието на гледачот бргу опаѓа и желбата тоа да се затвори бргу расте. Кога читате текст, многу е полесно неинтересни пасуси површно да се поминат или прескокнат, што е многу потешко да се направи со видео клип.

Затоа, особено и важно за видеата да имаат многу атрактивна содржина.

Еве неколку совети што ќе ви помогнат како да го задржите вниманието на гледачите за содржината на вашите видео клипови:

а) Нека биде кратко – најдобро е максимум до пет минути. Подолга содржина лесно може да се подели во неколку пократки видеа. Во просек, само 46% од гледачите ќе изгледа видео кое е подолго од една минута. По пет минути ќе останат да гледаат само 9%.

б) Пред да започнете со создавањето на видео пораката, направете детална анализа на вашата целна група. Тоа ќе ви помогне да го дефинирате јазикот и дизајнот на видео клипот.

в) Поттикнете љубопитност кај вашите гледачи со возбудлива содржина до последната секунда и неочекуван заплет (пресврт) на крајот.

г) Предизвикајте емоции, не само емотивна содржина, но, исто така, музика и слики кои ќе мопогнат во тоа.

д) Останете транспарентни и уверливи: не користете за илустрации на текстуална содржина слики кои немаат порака. Најчесто, информацијата од втор план и оригинална слика ќе ви помогнат многу повеќе, одошто технички безпрекорно изработен видео клип.

ѓ) Активно да се понудат решенија за одредени проблеми и да се илустрира со помош на примери како ќе може значително да се подобрат работите.