Почетна Технологија Amazon отвара нови паметни продавници

Amazon отвара нови паметни продавници

СПОДЕЛИ

До крајот на 2021 година, Amazon планира да отвори околу 3.000 паметни продавници: Тоа значи продавници без продавачи и касиери. Таквите продавници веќе работат во државите во Вашингтон и Илиноис, откако пред Amazon спроведе тестови со свои вработени.

На влезот на продавницата, клиентот го скенира својот телефон и потоа ги зема посакуваните производи. Плаќањето се врши кога ќе ја напуштите продавницата, а износот автоматски се плаќа од сметката на паметниот телефон. Системот е базиран на технологија за компјутерска визија и повеќе сензори и камери.

Иднината на трговијата (особено трговија на мало) е во паметните продавници. Се претпоставува дека овие продавници може да бидат и побезбедни од оние во кои работат луѓе.

паметни продавници

loading...