Почетна Маркетинг Маркетинг базиран на податоци

Маркетинг базиран на податоци

СПОДЕЛИ

Маркетинг базиран на податоци значи ефективен маркетинг и помалку изгубено време. Во денешно време, нема оправдание за вашето не знаење што купувачите сакаат. Постојат многу алатки кои може да ви помогнат да соберете доволно податоци за активностите на вашите купувачи.

Податоци.
Податоци.

Ако го знаете однесувањето на потрошувачите, целите, планските точки, може да развиете маркетинг кампања која ги опфаќа нивните специфични потреби.

Има топ 5 причини зошто маркетингот мора да го базирате на податоци.

  1. Персонализација. -53% и повеќе од маркетерите тврдат дека секојдневно се зголемува потребата за персонализирање на маркетинг активностите.
  2. Подобрено корисничко искуство. – Корисниците сакаат информации кои се корисни за нив. Маркетинг базиран на податоци потполно го исполнува овој услов бидејќи прецизно ги знае нивните желби.
  3. Оптимизирани маркетинг канали.– За да можете да оптимизирате, мора да знаете прво кој канал е најдобар, а кој најлош.
  4. Поголема ангажираност и лојалност на купувачите. – Ова ќе допринесе купувачите повеќе да веруваат во вашиот бренд.
  5. Континуирано подобрување на квалитетот. – За да го исполните ова, мора да имате многу добра и прецизна дата база.

Напредните анализи на податоци не се лесни, но се потребни. За да ги подобрите маркетинг активностите и работата на компанијата во целост, треба да знаете се за корисниците. Всушност, тоа е маркетинг на дигиталната ера.

Доколку сте маркетер или сакате да бидете тоа во иднина, инвестирајте во своето знање во читање на податоците. Со денешната дадена технологија за креирање на сопствени дата бази, не е потребно да имате некое големо технолошко знаење за да формирате добра и функционална база. Меѓутоа, уметноста на маркетерот, доаѓа до израз во моментот кога ќе ги чита податоците.