Почетна Претприемништво Познавај ги купувачите за да ја победиш конкуренцијата

Познавај ги купувачите за да ја победиш конкуренцијата

СПОДЕЛИ

Не е важно колку се трудиш да продадеш, вистината е едноставна, ако не си ги знаеш купувачите и нивните потреби, нема да постигнеш успех.

Успешните компании и претприемачи имаат една заедничка карактеристика: си ги знаат и ги разбираат своите купувачи. За жал, нема една тактика или посебна наука како тоа да го направите, тоа е процес кој постојано трае.

Познавањето на твоите купувачи ќе те однесе директно до успехот. Профилирај ги твоите купувачи и точно знај кој дел од пазарот ќе го таргетираш.

Според rabotno.mk ова се две клучни активности:

Иновирај го производот. Секоја промена ќе предизвика возбуда и љубопитност кај купувачите. Тоа ќе ги натера да се заинтересираат и потенцијално да купат. Зборувај со нив да дознаеш зошто го купуваат производот или што е тоа што ги спречува да купат од тебе. На високо конкурентен пазар, ова ќе те направи поинаков од другите, а со тоа и успешен.

Креирај база на податоци за твоите купувачи. Колку повеќе знаеш за нив, толку подобро ќе ги таргетираш преку своите маркетинг активности, ќе го иновираш подобро и побрзо производот и полесно ќе најдеш нови потенцијални купувачи. Плус, добрата база содржи и податоци за контакт на корисниците, па така ќе можеш почесто да ги потсетуваш дека постоиш и дека си тука за нив.

loading...