Почетна Маркетинг Портфолио оптимизиција во content marketing

Портфолио оптимизиција во content marketing

СПОДЕЛИ

Content marketing како таков има една слаба страна, а тоа е несигурноста. Дебатата е дали инвестирањето во содржини и оптимизација на портфолио е насока која ќе ги даде очекуваните резултати.

Несигурноста лесно може да се идентификува и да се надмине. Квалитетниот контент високо го рангираат прелистувачките машини. Секако и квалитетна оптимизација на сајтот е повеќе од потребна.

За да им олесните на пребарувачките машини, потребно е и правилно да го издизајнирате сопствениот сајт. Добар дизајн и паметна комбинација на одредени параметри во кодирањето ќе ви помогнат да се најдете на првата страна на Google.

Вториот начин како да ја проверите вашата содржина е да ја споредите со онаа на конкуренцијата. Тие ќе почнат да ги следат вашите чекори за да имаат содржини како вашите. Меѓутоа, доколку увидите дека имате иста содржина со конкуренцијата, мора да превземете чекори за да се разликувате од нив.

Секоја содржина која ќе ја објавите, бидете сигурни дека ги содржи клучните зборови по кои луѓето ќе ве пребаруваат. За почеток може да му платите и на Google AdWords да ви помогне во тоа. Оваа алатка наплаќа според тоа колку корисниците кликнале на вашиот линк.

Можни параметри за контрола на квалитетот на содржината и клучните зборови се:

  • Волуменот на пребарување на клучниот збор;
  • Цената на кликање на клучниот збор;
  • Резултатот од вредноста на пребарувањето – тоа е производ на пребарувањата на клучниот збор и цената на кликање на клучниот збор;
  • Постигнатата позиција на рангирање.
loading...