Почетна Претприемништво Зошто да се биде претприемач?

Зошто да се биде претприемач?

СПОДЕЛИ

Да се биде претприемач не е лесно, но дефинитивно трудот и работата на долг рок се исплати. Има многу причини зошто треба да го направиш гигантскиот скок од стално работно место до претприемач и почнување сопствен бизнис.

rabotno.mk ви набројува неколку добри причини.

Сопствениот бизнис ти дава автономија. Сам носиш одлуки што и како ќе работиш. Шансите да западнеш во секојдневна рутина се многу помали.

Отвара многу можности. Можеш да постигнеш се што сакаш во животот. Ке живееш на начин на кој ти сакаш, а можеби и ќе го смениш светот. Добра животна мисија, нели? Вака ти ќе влијаеш на општеството во кое живееш, а можеби и глобално.

Тука доаѓа и одговорноста. Ти си одговорен за раст и развој на бизнисот, но и за вработените. Никој никогаш не рече дека е лесно да бидеш сам свој газда. Ти контролираш што и како се случува во компанија.

Според нас, малите бизниси и новите бизниси се најголемиот двигател на пазарната економија. Вака ќе создадеме поголем број работни места, пореално ќе се формира цената на трудот и најважно квалитетниот кадар ќе исплива на површина.

Претприемачите се луѓе кои имаат визија за решавање на определен проблем. Визија да ја видат реалната промена во општеството.

loading...