Почетна Кариера Зошто да научам да програмирам?

Зошто да научам да програмирам?

СПОДЕЛИ

Стив Џобс сметал дека сите треба да знаеме да програмираме, бидејќи тоа не учи како да учиме. Учењето програмски јазици е одличен начин како да го подобрите вашето CV и да стекнете вештини кои во иднина ќе бидат барани, без разлика која е вашата моментална професија.

програмирам

Ако сеуште не сте сигурни дали да почнете да учите програмирање, ние викаме да и издвоивме неколку причини за тоа.

  • Ќе ги зголемите шансите за вработување.
  • Ако сакате да направите позитивна промена во кариерата.
  • Да се биде програмер не значи да се знаат сите програмски јазици- формирајте тим, работете со други луѓе и сите бидете експерти во познавањето на група програмски јазици.
  • Ќе совладата нови техники на учење- полето е толку големо што не можете да научите се. Затоа ќе мора да развиете ефикасни методи на учење.
  • Програмирањето ве учи како да размислувате логично и да решавате проблеми.
  • Ќе станете ориентирани кон детали.
  • Да работите на споредни проекти (на пример да изградите свој блог).
  • Да заработите дополнителни пари.
  • Може да го олесни секојдневното работење.

програмирам

Најважно е што секој може да научи да програмира. Според некој истражувања спроведени во 2016 година, се смета дека за 10 години од сега, секој човек на планета (не зависно од неговата професија) ќе знае да програмира. Познавањето на програмските јазици ќе се донесе на нивото на познавање на англискиот јазик денес. Сите ќе го знаат.

loading...