Почетна Претприемништво Најбараните програмски јазици за 2017 година

Најбараните програмски јазици за 2017 година

СПОДЕЛИ

Програмски јазици има многу, посебно ако пребарувате на Интернет. Дури и ако пребарувате кои се најбарани или најпопуларни, повторно ќе наидете на долги листи.

Ќе издвоиме неколку кои се најпопуларни и најбарани јазици во светски рамки.

SQL ( Structured Query Language)

SQL е јазик кој се користи за комуникација и управување со базите на податоци. Во 2016 година, биле отворени голем број на работни места за кои било задолжително познавањето на SQL.

Microsoft минатата година го објави SQL Server 2016, кој се покажал изненадувачки популарен. Има неколку нови функции кои го прават јазикот многу поотворен за измена (open-source).

ЈАVA

Секојдневно се отвараат нови работни места за програмери кои го знаат овој јазик. Експертите како главна причина го наведуваат континуираниот раст на Android платформи.

Јava е едноставен програмерски јазик кој го користат милиони програмери ширум светот. Во јули се очекува да излезе нова верзија, Java 9.

ЈАVASCRIPT

Бројот на работни места не се зголеми оваа година во однос на претходната.

Компатибилноста и прифаќањето на JavaScript 6 продолжува да расте, а Progressive Web Apps станува се покорисен и дозволува креирање функционалности за вашиот веб без пристап на Интернет (offline- first).

C++

Тој е моќен програмерски јазик со високи перформанси. Се користи за изработка на системски софтвери, игри и десктоп и веб апликации.

Програмерите кои го знаат C++ јазикот, се смета дека имаат предност во однос на другите програмери. Ако го научите како што треба, нема да имате понатаму проблеми да научите било кој програмски јазик.

loading...