Почетна Маркетинг 4 начини како да се најдете во медиумите бесплатно

4 начини како да се најдете во медиумите бесплатно

СПОДЕЛИ

Со личниот маркетинг (ПР) се занимаваме секојдневно, уште од најраното детство. Без разлика дали сакаме да и се допаднеме на симпатијата или да најдеме нова работа, се може да се разбере како еден вид на ПР. Затоа, ќе ви дадеме неколку совети како да си обезбедите добар и бесплатен ПР.

ПР
ПР

Разговарајте лице в лице.

Супер е да поседувате најнова технологија и да сте навикнати на дигитална комуникација. Но имајте на ум неколку работи. Личната комуникација никогаш нема да изумре. Реално, бизнисот е тоа што се случува надвор од дигиталниот свет.

Одете на конференции, настани, комуницирајте со колегите, не ги заборавајте вашите пријатели, бидете комуникативни со пријателите на вашите пријатели и една третина од бесплатниот ПР сте завршиле.

Лице в лице.
Лице в лице.

Раскажете им ја вистинската приказна на вистинските луѓе.

Не секого го интересираат истите теми. И не на секому треба да му објаснувате на долго и на широко што и како работите. Добро одмерете со кого да комуницирате за вашата работа, а со кого да останете само на приватен муабет, но и обратно. Не се трудете да се објаснувате со сите, знајте кога да ја напуштите собата.

Добро смислете го насловот.

Не се мисли на типичен новинарски наслов. Смислете реченица или реплика која луѓето ќе ја запаметат. Со неа ќе го побудите интересот кај новинарите и веројатноста е навистина голема да се најдете во весниците.

Бидете аналитични.

Дајте им на читателите и слушателите поинаква приказна. Направете ја така, да биде интересна и читлива, но сепак да даде вистински податоци за вашиот бизнис. Можеби луѓето нема да ги меморираат сите бројќи, но ќе им докажете дека вашата компанија е сигурна и доверлива.

Аналитичен
Аналитичен
loading...