Почетна Маркетинг 5 причини зошто да! за социјалните мрежи и бизнисот

5 причини зошто да! за социјалните мрежи и бизнисот

СПОДЕЛИ

Социјални мрежи, дали да или не? Ги сакам за мојот бизнис или не ми се потребни?

Поголемиот дел од македонското население е присутно на социјалните мрежи. Старосните разлики прават разлика во потребата за присуство на нив и какви интереси имаат корисниците. Сепак социјалните медиуми се моќен канал да им пристапите на потрошувачите.

Соочени со фактот дека се уште постои скептицизам кај компаниите за користење на социјалните медиуми и ги сметаат за еден од најголемите ризици на бизнисот, rabotno.mk одлучи да издвои неколку причини зошто социјалните мрежи прават повеќе добро отколку лошо за вашиот бизнис.

социјални мрежи
  1. Поширок опфат на публика – преку само една платформа може да допрете до повеќе луѓе одеднаш.
  2. Таргетиран маркетинг – многу е важно да ја пренесете пораката до вашите таргетирани купувачи. Тие треба да ја примат и да ја разберат. Социјалните мрежи го поддржуваат тоа.
  3. Ниски или нула трошоци – повеќете од платформите се бесплатни за користење. Доколку сакате да ставите спонзорирани постови, нема премногу да се оптерети вашиот маркетинг буџет.

    работно, социјални мрежи
    работно, социјални мрежи
  4. Брзо и лесно подесување – за кратко време може да имате профил на било која од платформите.
  5. Персонализирана комуникација – социјалните медиуми им дозволуваат на бизнисите да испратат персонализирани пораки до нивните купувачи и да им помогнат доколку имаат некаков проблем со производот.
loading...