Почетна Претприемништво Стандардизација на бизнисот – зошто е важна?

Стандардизација на бизнисот – зошто е важна?

СПОДЕЛИ

Стандардизација е процес на имплементирање и развој на стандарди. Стандардите настануваат како еден вид на консензус помеѓу повеќе учесници: компании, корисници, групи на интереси, па дури и владини институции.

Стандардизација.
Стандардизација.

Ако гледаме на стандардизацијата на процесите во организацијата мора да се дефинираат точни активности и нивни извршители. Стандардизацијата помага да се намалат трошоците и да се зголемат ефикасноста и ефективноста.

Стандардизирање на производ е хомогенизација на производи, поточно намалување на разнооврсноста на производи кои го имаат истиот опис. Ова се користи со цел на корисниците да им се овозможи да се фокусираат на главните карактеристики на производот (не на споредните) и полесно да донесат одлука за купување.

Дури и да работите со податоци вие подлежите на одредени стандарди. Пример, не може да очекуваат дека сите ќе сакат податоците да ги добијат во форматот во кој вие работите. Мора да видите како корисниците сакаат да ги читаат податоците.

Стандардизацијата помага да се максимизира компатибилноста, безбедноста и квалитетот.

loading...