Почетна Технологија Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој 2017

Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој 2017

СПОДЕЛИ

Од 23-25-ти Ноември 2017 на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, се одржа петтата по ред, јубилејна меѓународна конференција “Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР„. Како организатори официјално се потпишуваат “Здружение за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој„- Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии –Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„.

Студентска конференција за енергетска ефикасност

Фокусот на конференцијата беше сублимација на актуелните прашања и истражувањата во областа на енергетската ефикасност. Конференцијата може да се пофали со нивните гости од Република Србија и Република Австрија, кои несебично го споделија своето знаење и искуство со студентите од ФЕИТ и другите технички факултети при УКИМ.

Беа презентирани 50 научни трудови од областа на обновливи извори на енергија, енегетски ефикасни уреди, мерења и дијагностика, паметни мрежи и системи за автоматизација на објекти, електрични возила и енергетски ефикасен транспорт, енергетска ефикасност во градежништво и архитектура, управување на одржливи системи и потрошувачка на електрична енергија, нови и примените технологии и материјали и енергетски ефикасна животна средина.

Студентска конференција за енергетска ефикасност
Дел од организацискиот тим и волонтери

На конференцијата свое учество земаа и претставници од најголемите компании во Македонија на кои примарна дејност е производство или дистрибуција на електрична енергија.

Сите оние кои не стигнаа да присуствуваат на конференцијата, ќе може да ги прочитаат сите научни трудови кои беа презентирани во нивниот зборник кој ќе биде објавен наскоро. До тогаш, уживајте во зборниците кои досега ги имаат објавено.

 

 

Фотограф: Елена Стефановска, студент на ФЕИТ

 

loading...