Почетна Кариера Од студентско до работно столче, како?

Од студентско до работно столче, како?

СПОДЕЛИ

Како некој што допрва ќе ја започне својата кариера, има многу работи на кои морате да обрнете внимание. Патот од студентско до работно столче не е лесен. Основното е да запомните дека вие не знаете се и немате искуство, иако ќе се чувствувате најпаметни на денот кога ќе дипломирате.

И разберете, во овој момент компаниите ви требаат на вас отколку вие на нив, тие треба да ве обучат како да си ја вршите работата. Првото работно искуство е најтешко, всушност тогаш вие откривате колку реално се применува се што сте научиле за време на студирањето.

студентско

Работно.мк подготви 10 чекори како да дојдете до првото вработување и да не е тоа премногу стресно за вас:

  1. Направете краткорочен и долгорочен “план„ за вашата кариера;
  2. Средете го вашиот LinkedIn профил;
  3. Почнете поактивно да го користите имејлот како начин на комуникација;
  4. Стремете се да ги завршувате сите обврски;
  5. Не смеете да престанете да учите и да читате за вашиот сектор;
  6. Легнувајте порано, важно е да се наспиете и да станете наредното утро порано за да не ви пропадне денот;
  7. Избегнувајте го алкохолот колку можете повеќе;
  8. Што правите во слободно време во голема мера ќе одлучи кога ќе почнете да работите сериозна работа;
  9. Филтрирајте ги информациите кои ќе ги запамтите, не е добро да ги складирате буквално сите информации од околината.
  10. Вежбајте, ќе сакате добро да изгледате на интервју за вработување.

Спремни за првото вработување?

loading...