Почетна Претприемништво Од „сакам да сум“ до „сум“ претприемач

Од „сакам да сум“ до „сум“ претприемач

СПОДЕЛИ

Јас сум претприемач, имам идеја. Имам свој бизнис. Сакам да го развијам и да работи во светски рамки. – дали идејата е доволна?

Стартап сцената е еден голем сегмент од светот кој постојано се менува. Без разлика дали сте светска ѕвезда која сака да отвори свој бизнис или тотален анонимус кој никој не го знае во светски рамки почетокот е секогаш ист. Потребни ви се пари кои можете да ги вложите, идеја, тим, контакти и многу работа.

сум

 

Има основни сегменти и подкатегории кои мора да си ги одговорите за да бидете вистински претприемач.

Вредносна пропозиција: Земете ја идејата и раскажете ја. Споделете ја со остатокот од светот пред да го лансирате производот. Зошто вашата идеја е уникатна? Кој проблем го решава?

Групи на корисници: На кого сакам да му го продадам производот?

Канали: Како ќе го продавам производот? Како да стигнам до крајните корисници?

Клучни активности: Што треба да правам за бизнисот да ми функционира?

Приходи: Како мојот бизнис прави пари?

сум

Партнери: Кои сегмент од активностите можам да го препиштам на друга компанија? Дали морам се сам да правам?

Трошоци: Колкави се моите трошоци? Која цена треба да ја ставам на производот за да ги покријам трошоците и да генерирам профит?

Анализа на индустријата: Кои се моите конкуренти? Во кој аспекти сум подобар од конкуренцијата? Во кои аспекти конкуренцијата е подобра од мене и како можам да се подобрам?