Почетна Кариера Тод – лице со инвалидитет кој со помош на уред води своја...

Тод – лице со инвалидитет кој со помош на уред води своја компанија

СПОДЕЛИ

Тод – лице со инвалидитет кој со помош на уред води своја компанија. Тој е чист пример за рушење на стереотипи за лицата со инвалидитет и постигнува многу повеќе од тоа што луѓето очекувале од него.

Уредот Тecla Shield  му го изменил животот на Тод Стабелфелт кој боледувал од тешка болест – тој бил квадриплегичар. Што би значело дека Тод не може да ги движи своите раце. Тој се справувал со болеста од својата осма година. Денес, со помош на уредот, животот на Тод е потполно променет.

Тод во извршување на секојдневните активности.
Тод – лице со инвалидитет кои со помош на уред води своја компанија.

Овој уред им овозможува на лицата со инвалидитет, кои не можат да ги движат рацето, да го направат тоа самостојно без присуство на друго лице. Уредот може да се поврзе со телефон или со компјутер и може да се користи без употреба на рацете.

Денес Тод може сам да испраќа пораки и без никаков проблем да комуницира со другите луѓе. Тој е женет човек и со помош на уредот полесно комуницира со својата жена (посебно на далечина).

Тоа што е најинтересно е фактот дека Тод е сопственик на софтверска компанија. Откако го користи овој уред успеал дополнително да го развие сопствениот бизнис.

Тод е најдобар пример, дека со мала помош од технологијата, можеме да постигнеме многу во животот.

loading...