Почетна Стил Трансформирајте ги мат кармините со овој едноставен трик!

Трансформирајте ги мат кармините со овој едноставен трик!

СПОДЕЛИ

Во текот на изминативе 3 години, од кога барем сум јас свесна дека постојат течните мат кармини на пазарот, секогаш сум имала сакам/мразам тип на врска со нив. Кога се појавија за првпат течните мат кармини, посебно оние на Кајли Џенер (попознати како Кајли Козметикс лип китс) направија вистински бум и немаше девојка која не сакаше да купи барем една нијанса од обемната колекција на Кајли, а и немаше ни бренд кој не проба да го дуплира овој нејзин енормно популарен и најпродаван производ.

 

Секако како и кај секој производ така и кај течните мат кармини постојат доста добри, но и лоши карактеристики. Доброто е што траат долго на устата, доста се пигментирани и имаат беспрекорен финиш кога ќе се нанесат на устата. Како и да е после одредено време тие почнуваат да се распукуваат, да изгледаат како да сте туриле кило боја на устата и страшно многу ги сушат усните без разлика колкаво количество на лабело ставате пред да го нанесете карминот.

Затоа за сите оние кои поседуваат доста течни мат кармини во својата колекција, кои не ги користат, а инсвестирале доста од својот буџет во нив, време е да се запознаат со овој крајно едноставен трик кој ќе им овозможи на вашите усни повеќе да не се суви.

Станува збор за бадемово масло. Бадемовото масло има многу добри својства, а е посебно добар за кожата. Па трикот со овој тип на масло е многу едноставен. Набавете шишенце бадемово масло и капнете 2-3 капки во вашиот течен мат кармин. Совет од моја страна во овој случај би бил да го направите овој трик со кармин кој е веќе при крај и за кого не би тагувале премногу 😁. Така ќе тестирате дали ова нависитна функционира на вашиот течен мат кармин.

 

Кога јас го правев овој мал експеримент со еден од моите кармини добив одличен резултат. Изгледот на карминот воопшто не се смени, беше само понежен и и даваше доза на влажност на устата, што не беше случај претходно, и воопшто не ја изгуби својата долготрајност во текот на денот. Само за разлика од претходно каде карминот не се пренесуваше на чашата од која пиев кафе, одкога го ставив бадемовото масло дефинитивно тоа се смени и со секоја голта или залак карминот постепено го снемуваше од устата.

Како последен совет од моја страна би бил дека треба секако пред да го купите бадемовото масло добро да прочитате на самата амбалажа дали е безбедно да се користи близу устата за да немате никакви несакани последици подоцна.

Тоа се за денес мили мои.

До скоро!

Поздрав,

Лори 😘

loading...