Почетна Интервју Филип од prim3d.mk : технологија што го менува начинот на гледање

Филип од prim3d.mk : технологија што го менува начинот на гледање

СПОДЕЛИ

Слушнавме за Филип од prim3d.mk , човекот кој ја дигна VR технологијата во Македонија на едно ново и повисоко ниво. Му се појавивме во канцеларија и решивме да го прашаме неколку прашања.  Филип не пречека со добро расположение, искреност и ни овозможи да живееме малце во виртуелна реалност.

Работно.мк: Како ја започна твојата кариера?

Филип: Можам да кажам дека мојата кариера започна и пред упис на факултет (Архитектура), помагајќи на татко ми при изработка на проекти како и изведба на ентериери. Тоа ми овозможи да одпочнам соработка и со други колеги, иако само што ги имав започнато студиите и ми го отвори патот да учествувам во големи и наградени проекти. Тој период опфати 7-8 години, вклучувајќи ги и студиите (не бев баш наjпримерниот студент) се до мојата одлука да отворам сопствен бизнис.

Работно.мк: Како реши да имаш свој бизнис?

Филип: Сега кога веќе три години се бавам со ова погледнувам наназад, и се повеќе и повеќе мислам дека едноставно така сум навиен. Согледувам дека одсекогаш сум прашувал прашања од типот: Зошто ова така функционира, не може ли да се подобри, да биде по ефикасно, да има поголем ефект… што доколку се внесе нешто ново во сето ова. Кога се појавија првите комерцијално достапни сетови за Виртуелна Реалност имаше бура идеи и сватив дека тие идеи би останале само тоа доколку не пробаме да ги реализираме. Дента кога се решив да дејствувам на дел од нив беше и дента кога дадов отказ од тогашната работа.

Работно.мк: Што точно развивате и што да очекуваме од prim3d

Филип: Во моментов за нас се случуваат многу работи, голем дел од нив уште не се дефинирани а и сеуште има голем ризик за тоа дали ќе се остварат, во многу блиска иднина ќе можам да разговарам за истото. Она што можам да кажам со 100% сигурност е дека програмата со која ние започнавме, изработка на софтвери во Виртуелна Реалност за продажба на недвижнини, дефинитивно ќе продолжи да се развива, а и еволуира како BMS.  

 

Работно.мк: Што според тебе значи да се биде претприемач и да се плива во водите на претприемништвото?

Филип: Според мене ова е начин на живот, кој морам да признаам сеуште го немам совладано ама мислам дека конечно има напредок од моја страна. Во овие води не влегов наивно, знаев што значат и што ќе бараат од мене, ама никој не може да те спреми за предизвиците кој следат, но како јас така и другиот дел од мојот тим покажавме голема истрајност и желба, квалитети што успеаа да не прогураат до местото кај што сме сега покрај сите предизвици.

Работно.мк: Која е твојата наjголема грешка и кој е твојот најголем успех?

Филип: Уфф, тешко е да се издвои најголемата, имаше многу грешки! Исто тешко би било да издвојам успех но овојпат за тотално спротивни причини. Мислам дека до крајот на Јуни ќе можам со сигурност да ви одговорам на едно од овие прашања. Тогаш очекувам епилог кој ќе биде или мојот најголем успех или мојата најголема грешка.

Работно.мк: Што имаш да им порачаш на читателите?

Филип: Да се надоврзам на второто прашање: Идеjата добива вредност само ако се реализира! Доколку имате некоја навистина иновативна идеа, со бизнис потенцијал, go for it! Не сакате да се разбудите некое утро и да жалите зошто не сте се обиделе.

loading...