Почетна Маркетинг Цена наспроти вредност: дали маркетинг активностите ја погодија целта?

Цена наспроти вредност: дали маркетинг активностите ја погодија целта?

СПОДЕЛИ

Цена или вредност? Она што е најтешко да се одреди. Но само навидум. Кога ќе дознаеме дали на долг рок сакаме да постигнеме квалитет или квантитет, ќе го имаме одговорот на прашањето.

Сите сакаме прекрасни зделки, попусти и распродажби. Доколку твојот производ е поефтин од конкуренцијата, тоа е твојата главна поента која треба да ја истакнеш пред купувачите, така? Ние не се согласуваме. Во свет каде што купувачите ја создаваат перцепцијата за производот и притоа се преплавени со информации и за вашиот, но и за конкурентските производи, потребно е многу повеќе од најефтина цена т.е. самата цена не продава.

Многу компании го осознаваат ова на потешкиот начин. Многу книги се напишани на оваа тема каде се спомнуваат и гиганстски компании кои постојат и ден денес и чии производи ги користиме. Пример е вечниот натпревар помеѓу Кока Кола и Пепси Кола.

За да не паднете во замката на најниска цена, пожелно е да имате јасно дегинирана вредноста пропозиција. Може да ја извлечете од бизнис моделот (врзана е секогаш за него), кажува како купувачите го мерат вашиот успех, се фокусира на купувачот и најбитно ќе ве разликува од купувачите.

цена или вредност
цена или вредност

Еден период во борбата помеѓу Пепси и Кока Кола, било срамота да ве видат со пепси во рака, бидејќи било премногу ефтино, се сметал за пијалок на сиромашните (во тоа време класната поделба била важна и огромна). Следејќи ја својата вредносна пропозиција, Пепси денес е една од најпрофитабилните компании во светот.

Вредносната пропозиција е нешто на што сериозно треба да работите пред да излезете на пазарот. Само така никогаш нема да ги изгубите своите цели.

loading...