Почетна Претприемништво Што претставува Crowdsourcing?

Што претставува Crowdsourcing?

СПОДЕЛИ

Crowdsourcing е специфичен модел преку кој индивидуалци или организации, најчесто преку Интернет, можат да добијат помош за нивната идеја. Таа помош може да биде или финансиска или да отстапите дел од работата на некој друг.

Всушност, собирате група на луѓе кои се спремни да ја финансираат вашата идеја или да одвојат време да работите заедно.

Crowdsourcing е практика на ангажирање на група на луѓе за остварување на заедничка цел – некоја иновација, да се реши одреден проблем или да се подобри ефикасноста.

Можете да го сретнете во различни индустрии и на различни нивоа. Поедноставно кажано, тоа е начин за колективна мобилизација.

Може да ви помогне да дојдете до нови идеи и решенија, да допрете повеќе до вашите корисници, полесно да ги оптимизирате задачите и да ги намалите трошоците. Интернетот и социјалните мрежи дополнително го олеснуваат процесот.

Окружувањето се менува – социјалните мрежи стануваат социјална продуктивност.

Иднината го става човекот во центарот на вниманието. Новиот начин на извршување на активностите – crowdsourcing, crowdfunding, соработки и многу иновации – е предизвик за бизнис моделите и за работењето на бизнисите. Ваквиот начин на работење, отвара многу нови можности, за да ги промените конвенционалните процеси во работењето.

Иднината на бизнисите е динамична.

Финансискиот и бизнис моделот се секогаш присутни и ќе останат како дел од развојот на бизнисите. Меѓутоа бизнисите мора да бидат спремни на новиот начин на работење. Прилагодувањето на околината и на новите начини на работење ќе доведат до бизнис импликации и до иновативна трансформација на бизнис процесите.

Знаењето и подготвеноста за соработка во деловните практики, ќе станат најбараните вештини за извршните менаџери и за претприемачите.

ДОПОЛНИТЕЛНО: Сиара Ферагни направи Crowdsourcing