Почетна Стил 10 работи карактеристични за дрогериските купувачи на шминка

10 работи карактеристични за дрогериските купувачи на шминка

СПОДЕЛИ

Секој којшто вистински сака шминка знае дека има некои производи кои се подобри од кога и да било, но често луѓето имаат впечаток дека ако тоа е хај-енд (high-end) и “дизајнер” шминка дека таа е подобра и поквлатитетна од онаа која може да се купи во обична дрогерија. Но, доколку сте добар познавач и на едни и на други производи знаете дека оваа констатација не може да бидете подалеку од вистинската слика.

Затоа денес решив да посветам една статија на сите нас кои сме огромни љубители на нашите дрогериски брендови и нивните производи.

Подолу ви претставувам 10 работи кои можеме само НИЕ дрогериски опседнатите луѓе да ги разбереме:

1. Секоја течна пудра која чини над 800 денари ни е премногу скапа!

Всушност кога ќе подразмислам подобро според мене и се над 500 или 600 денари е невиден претеризам кога станува збор за дрогериски брендови. Поради оваа причина сум една од оние кои редовно ги следат попустите во сите наши дрогерии и никогаш не дозволувам да влезам во дефицит со мојата Bourjois Healthy Mix или Catrice HD Liquid течна пудра.

2. Страшно многу не нервира и навредува кога дрогериски брендови лансираат изгор скапи производи.

Работата е следнава… Дрогеријата треба да претставува место каде што сите производи, поготово шминката ќе можат да бидат достапни за секој купувач и истиот ќе може да си дозволи да купи повеќе производи за цена од еден хај-енд производ во Сефора.

3. Во дрогериите секогаш можете да најдете некој производ кој е дупликат на некој хај-енд.

За мене лично вистински погодок е кога ќе најдете дупликат, а на моменти ако не и подобар производ од оној кој се продава како хај-енд.

4. Секоја недела има во некоја дрогерија попуст на нешто.

Буквално секоја недела има или промоција или некаква акција на одредени производи низ разни дрогерии, па на овој начин секогаш секој од нас има шанса да ја надгради својата залиха или пак да се осмели да проба некој нов производ кој до вчера го преминувал буџетот.

5. Спремни сме страствено, со срце и душа да си ги одбраниме нашите дрогериски производи доколку некој почне да ги потценува.

Зборот “мразам” е доста тежок, но во случајов морам да го употребам… МРАЗАМ коментари од типот: “ Знам дека е многу поскапо, но едноставно е поквалитетно и подобро од било што што може да се продава во дрогериите”. Луѓето кои константно го зборуваат ова ми се едноставно смешни бидејќи не е можно да ги имаат испробано сите хај-енд производи и сите дрогериски производи и да донесат заклучок како овој од реченицата претходно. Според мене постојат многу добри производи и од едениот и од другиот тип и е фер да се даде шанса и на двете. Никогаш не можам да кажам дека се едните подобри од другите бидејќи таа равенка никогаш не е иста и константно се менува низ годините како што брендовите и нивните производи созреваат.

6. Посакуваш да има што е можно повеќе тестери на штандовите за шминка и повеќе нијанси од одредени производи кои ќе ти одговараат.

Секојдневно се наоѓам во оваа ситуација каде што ќе посакам и сум спремна да купам одреден производот, но чим го чујам она: “Девојче нема тестер од тоа” или “Девојче, извини само тие нијанси ги имаме”, веднаш ме обесхрабуваат. Но, да погледнеме на посветлата страна, а таа е дека се повеќе и повеќе нашите дрогерии се трудат да ни удоволат во овој дел и исто така се поинтензивно го обучуваат својот кадар да знае што е можно повеќе за производите кои самата дрогерија ги продава, со цел да можат подобро и поквалитетно да не услужат.

7. Оној момент кога ќе сфатиш дека си ја згрешил нијансата и одиш да ја замениш или да го вратиш производот.

Не сум се нашла многу често во оваа ситуација бидејќи и да ја згрешам нијансата од некој производ секогаш имам на кого да го дадам истиот и кој знам дека целосно ќе биде искористен. Доколку навистина морам да го заменам тогаш ситуацијата станува малку комплицирана бидејќи секогаш мора со себе да ја носите фискалната сметка при замената, а често, бар лично мене ми се случило многу пати да ја фрлам веднаш по купувањето на производот.

8. Дефинитивно секој од нас има цврсти ставови за тоа кој бренд е најдобар.

Без разлика дали мислите дека Мејбилин е топ брендот за маскари, или Римел Лондон е за кармини итн. Факт е дека секој од нас преферира одреден бренд и тоа е поседување апсолутна лојалност кон него и неговите производи.

9. Само затоа што преферирам да користам дрогериска шминка не значи дека не сум добар општ познавач на шминка, како истата се нанесува и кои се моменталните трендови.

Цената на некој производ не ја одредува мојата вештина за нанесување на истата. Секој вистински мејкап артист во својата торба со шминки секогаш поседува добар микс на дрогериски и хај-енд производи.

10. Знаеш дека колку подобро изгледа твојата кожа толку подобро ќе изгледа и шминката нанесена на неа.

Поскапата шминка нема да ве направи поубави. Дрогериската шминка нема да ве направи погрди. Шминкерските способности се тие кои ќе ви помогнат да изгледате совршено во комбинација со добрата нега на вашата кожа.

На крајот, и онака сите вие сте совршени со или без шминка на вашето лице.

До скоро!

Поздрав,

Лори 😘

loading...