Почетна Претприемништво Три знаци дека сте подготвени за сопствен бизнис

Три знаци дека сте подготвени за сопствен бизнис

СПОДЕЛИ

Знааете луѓе кои го живеат животот на начин кој вие сакате само поради една причина: имаат сопствен бизнис? Реално не е се така сјајно како што изгледа. rabotno.mk направи мало истражување кое ќе ви помогне да осознаете дали сте спремни да запливате во водите на претприемништвото.

Имаш добар тим

Тимот е најбитен. Ако имаш тим кој те уназадува во размислувањата и ти го успорува процесот на учење и созревање, тоа не е вистинскиот тим за тебе. Мора да одредите лидер на тимот, некој мора да ги води состаноците. Тоа не значи дека тој одлучува, само ќе воведе ред во клучни ситуации.

Тоа е вистинското време

Вистинско време и за тебе, и за производот/услугата и за тимот. Почекај не се улетувај одма во секоја супер идеја, но имај на ум дека не смееш да заспиеш и да оставиш времето и можностите да ти избегаат. Вистинското време сам си го одредуваш.

Вистинска идеја

Не секоја идеја кога ќе ја кажеш гласно звучи добро, така? Но сведок си на успехот на такви идеи. Се плашиш дека никогаш нема да имаш добра идеја а сакаш сопствен бизнис? Не брзај, ако немаш идеја значи дека не е вистинското време, а најверојатно нема да успееш да составиш ни тим. Вистинската идеја ќе ти дојде случајно, од секојдневниот живот.

loading...