Почетна Маркетинг 4 знаци дека треба да ја промените маркетинг стратегијата

4 знаци дека треба да ја промените маркетинг стратегијата

СПОДЕЛИ

Ако некогаш сте се интересирале за маркетинг или работите во секторот знаете дека секоја компанија има сопствена маркетинг стратегија. Меѓутоа таа станува безвредна ако немате добра егзекуција или ако немате доволно време да ја ревидирате.

Компаниите кои еволуираат со трендовите и постигнуваат успех, се оние кои знаат како да ја спроведат стратегијата. Најважно е што го следат нејзиното спроведување, разбираат што таа постигнува и што не, па затоа знаат и кои промени треба да ги направат.

4 знаци дека треба да ја промените маркетинг стратегијата
4 знаци дека треба да ја промените маркетинг стратегијата

Има некои јасни знаци дека имате проблем со вашата стратегија, а ние ги издвоивме најбитните.

Податоците не покажуваат напредок.

Верувајте им на податоците. Тие доаѓаат директно од вашите купувачи. За да го најдете коренот на проблемот, мора да се задлабочите во анализа на податоците.

Не сте видливи на пребарувачките машини.

Ова е сериозен проблем на кој треба да обрнете поголемо внимание. Освен вие, како маркетер, треба да го ангажирате и програмерот и заедно да го решите проблемот. SEO е една од најважните активности кога го градите вашиот веб.

Уредниците не ги прифаќаат вашите содржини.

Станува збор за платени текстови во медиумите. Ако имате проблем да пласирате некоја новост во медиумите, најверојатно проблемот е во вас. Во ваква ситуација не можете ни да очекувате дека тие сами еден ден ќе почнат да известуваат за вас.

Стагнирате на социјалните мрежи.

Можете колку сакате да го негирате фактот, но мора да го прифатите, дека социјалните мрежи се многу моќни. Оставете ги да ги води некој кој се разбира во маркетинг на социјални мрежи. Ако немате таков човек, време е да го најдете.

Онлајн маркетингот постојано се развива и за да бидете успешни, мора да се развивате и вие како маркетер.