Почетна Стил 4 beauty тајни на идната принцеза Меган Маркл

4 beauty тајни на идната принцеза Меган Маркл

СПОДЕЛИ

Сигурна сум дека до сега сте запознаени со фактот дека принцот Хари е верен со актерката Меган Маркл. Од моментот кога ја најавија својата свршувачка па се до сега Меган е предмет на огромен интерес во јавноста, која пак ја интересира буквално се за идната британска принцеза.

Јас лично бев најмногу заинтересирана да дознаам нешто повеќе за нејзината beauty рутина и како таа успева секогаш да изгледа толку природно, едноставно, а сепак толку убаво.

По низа прочитани нејзини интервјуа можам конечно да ви сумирам кои се beauty тајните на убавата Меган Маркл:

Намалете со течната пудра

Не ви се потребни слоеви и слоеви течна пудра за да добиете беспрекорен изглед на лицето. Според Маркл, не ви е потребно ни да нанесувате пудра на цело лице, туку само на оние места каде што сметате дека ви е најпотребно.

Делувајте посвежо со примена на хајлајт методот

Искористете било каков коректор или посебно хајлајтинг пенкало и нанесете од него на вашите подочници и во самиот внатрешен агол на вашето око. Ова ќе ги отвори вашите очи и ќе ви даде еден вид изглед на наспаност и свежина на вашиот лик.

Скротете ги влакненцата на вашата коса

Според Меган, добар лак за коса и чешле се идеалното динамично дуо кога сакате да ги скротите оние влакна на вашата коса кои постојано ви штрчат. Понекогаш актерката се нашла и во ситуации каде со себе не понела мал чешел па открила дека истиот ефект може да го постигне и со обична четка за заби доколку истата се попрска со лак за коса и со нејзе се помине по влакната на косата.

Справете се со оние “bad hair” денови

Сите ние имаме денови кога нашата коса изгледа апсолутно катастрофа и буквално не ја бидува за ништо. Меган тврди дека во вакви денови не постои ништо подобро и поедноставно од префрлање на вашата коса. Со други зборови, избегнувајте да ја носите косата на патец баш тој ден и едноставно префрлете ја косата било на лево или десно. Исто така за да добие на волумен самата коса Меган користи или обичен лак за коса или некој вид на сув шампон кој ја маскира мрснотијата на косата, но и воедно и дава одличен волумен.

Покрај се ова што го наведов не ме ни чуди што идната принцеза зрачи со природна убавина. Девојката дефинитивно ги знае триковите за добар изглед, а воедно и поседува огромна самодоверба.

Тоа е се за денес мили мои.

До скоро!

Поздрав,

Лори 😘

loading...