Почетна Стил 5 начини како да ги пребродите сезонските алергии

5 начини како да ги пребродите сезонските алергии

СПОДЕЛИ

Со самото доаѓање на пролетта надојдоа и оние добро познати и доста досадни сезонски алергии од кои не може да се побегне за жива глава. Се не чеша (поготово носот и имаш чувство дека цело време ќе се караш со некого 😀), очите постојано ни солзат, носот ни е затнат, потечени сме и скоро секогаш црвени во ликот и на сето ова ни фали да ја нанесеме уште онаа секојдневна шминка.

Кога овие сезонски алергии пробуваат да му дадат на лицето “шминка” која не му е потребна пробајте да се справите со тоа со помош на овие 5 совети.

1. Користете водоотпорна шминка на очите

Како што напоменав и погоре, за време на овие сезонски алергии нашите очи постојано не чешаат и ни солзат, па најдобар начин да се справите со ова е да користите водоотпорна шминка на очите. Јас лично најмногу ја користам водоотпорната верзија на маскарата од Мејбилин наречена Лаш Сензејшонал и онаа од Лореал Париз наречена Лаш Парадајс. И двете даваат одличен волумен на трепките и не се размачкуваат на очите во текот на денот.

Искрено јас не би препорачала во овој период да се користи било каков течен туш бидејќи кај него е ризикот секогаш поголем дека во текот на денот нема да издржи и едноставно или ќе се размачка или ќе го снема постепено од капаците на очите. Но, бидејќи знам дека многу од вас се сигурно огромни љубители да ставаат туш на очите ви нудам водоотпорна верзија која не чини многу, а е добра. Станува збор за водоотпорните тушеви на Катрис и на Есенс наречени Глам & Дол и Есенс Суперлајн.

 

2. Ослободете се целосно од тушот и моливот за очи

Иако веќе спомнав дека можете да користите и водоотпорна шминка за очи која нема да ви се размачкува во текот на денот, сепак вреди да се спомне дека за време на овие алергии секој од нас постојано ги трие очите и со тоа предизвикува уште поголема нивна иритација.

За да не се создаваат дополнителни проблеми најдобро е и тушот и било каков молив за очи целосно да се избегне во овој период. Како нивна замена добредојдена е сенката за очи која има моќ со правилно нанесување да ви го издолжи и зголеми окото за да тоа дојде до израз на лицето. Некогаш дури се случува да нанесам кремаст вид на сенка на очите за да им даде одредена свежина и да избегнам маскара целосно во ваквите случаи.

3. Користете колор коректинг техника

За сите оние кои што не се запознаени со оваа техника можете дополнително да се информирате тука. А за сите оние кои добро знаат што е ова ќе наведам накратко две работи:

  • За црвенилото кое најчесто ни се појавува околу носот во овој период користете ја зелената боја на коректор;
  • За црвенилото околу очите користете жолта боја на коректор која ќе умее да се справи со тој тип на црвенило;

Најбитно е да знаете дека не треба да се нанесува еден тон коректор за да се прекријат тие црвени предели на лицето. Користете помала количина на коректор и блендајте ја со прстите за постогнување на најдобар ефект.

 

4. Намалете ја подуеноста на лицето пред нанесување шминка

Секое утро кога ќе се разбудиме и се погледнеме во огледало делуваме доста бледо и подуено во ликот, а посебно за време на овој период збогатен со сезонските алергии кои дополнително ја влошуваат оваа нормална појава кај секој од нас.

Во последно време станав фан на еден многу добар трик кој помага со оваа појава. Станува збор за обична лажица која се става во замрзнувачот да постои неколку минути и која потоа истата се става со задната страна директно на подочниците каде е најизразена оваа подуеност. За остатокот од лицето сакам да користам обичен мраз наутро кој го поминувам низ целото лице. Со ова го разбудувам лицето со тоа што донесувам крв во него. Веднаш се чувствувам посвежа, побудна и на моменти порасположена и спремна за денот што предстои. Исто така во склоп на ова можам топло да ви препорачам да практикувате и еден утрински ладен туш кој го постигнува истиот ефект како и мразот на лицето со тоа што буквално ја носи крвта кон органите и инстантно ве разбудува и расположува.

5. Доколку сеуште изгледате подуено, тогаш искористете ја контуринг техниката

Во овој случај не зборувам конкретно за контурирање на образите или слично, туку зборувам за користење на контурирањето како алатка со која ќе се справите со подуеноста на вашето лице. Фокусирајте ги вашите способности за контурирање каде ви се најпотребни, а тоа најчесто е носот и очите. Користете средно кафена боја на сенка со која ќе ги истакнете очните капаци подобро и која ќе ја нанесете и под трепките со цел да ја маскирате подуеноста кај подочниците. Во однос на контурирањето на носот, доколку тој е поприлично црвен и подуен тогаш земете ја вашата омилена контур палета и нанесете малку од неа на двете страни од носот. Не претерувајте со нанесувањето, гледајте тоа да изгледа што е можно поприродно како таа сенка што ја дава контурирањето да припаѓа природно на носот.

Тоа е се мили мои, се надевам дека ви помогнав барем малку да ги избегнете или прекриете оние немили последици од сезонските алергии.

Се читаме наскоро!

Поздрав,

Лори 😘

loading...