Почетна Претприемач 101 6 Начини да менаџирате онлајн репутација

6 Начини да менаџирате онлајн репутација

СПОДЕЛИ

Прочитајте за начините на менаџирање со онлајн репутација кои ги има одвоено rabotno.mk за вас.

Бидете искрени и транспарентни во се што правите

Репутацијата нема цена. Тешко ќе ја изградите, а за миг може да ја изгубите. Затоа не им ветувајте на корисниците нешто што не можете да го исполните.

Коректно одговарајте на негативните коментари

Застанете, размислете убаво, видете дали можеби корисникот е во право со неговиот коментар, потоа одговорете. Внимавајте на зборовите не сакате да звучите вулгарно, дрско и невоспитано.

Оставете блоговите и сајтовите да пишуваат за вас

Запамтете, корисниците сакаат да читаат како одреден производ може да им го олесни животот. Платете за тоа, или уште поубаво, бидете толку добри што самите блогери ќе пишуваат за Вас.

Не користете содржина која не одговара на Вашиот производ

Секоја статија, секој збор е претставник на Вашиот производ. Бирајте ги внимателно, може да Ви наштетат во иста мера колку што можат да направат добро за Вашиот производ.

Бидете активни на социјалните мрежи

Креирајте профили на социјалните мрежи. За почеток една или две ви се доволни, нема потреба премногу да се расплините.

Прашајте

Не смеете да се срамите или плашите да ги прашувате купувачите што  мислат за производот/услугата. Нивните одговори најобјективно ќе ви кажат дали сте на правиот пат.

Ако не знаете дали правите нешто како треба, ставете се на место на корисникот. Разгледајте го сајтот и размислете за Вашето искуство на него, видете што недостасува и кои акции сте ги превземале додека сте таму.

loading...
loading...