Почетна Претприемништво 8 најважни принципи како да го дизајнирате вашиот сајт

8 најважни принципи како да го дизајнирате вашиот сајт

СПОДЕЛИ

Во денешнава достапност до информации, се смета дека ако твојата компанија не е присутна онлајн, посебно ако нема сопствен веб сајт, едноставно се одалечува од купувачите. Во свет со милијарди веб сајтови и пазарна економија, вашиот веб сајт е еден од начините како да се издвоите од конкуренцијата и да допрете до купувачите.

Rabotno.mk споделува осум принципи како да го дизајнирате веб сајтот.

Направете го вашиот Веб лесно достапен.

Запамтете, најмногу од корисниците кои ќе ги имате ќе доаѓаат од нивните мобилни уреди. Посвете внимание да бидете пријатели на нивните мобилни телефони, во спротивно ќе ги изгубите.

Изберете фонт многу внимателно

Идеален фонд е оној кој лесно се чита, без да го вознемири или успори читачот.

Изберете ги вистинските бои

Палетата е огромна, а секоја боја, секоја нијанса на боја има свое значење. Расчистете што сакате да претставува вашиот бизнис, погледнете како ви изгледа логото на компанијата и според тоа изберете ги боите.

Користете слики со висок квалитет

Не заборавајте дека сликите и видеата може да кажат повеќе за вас и вашата компанија отколку вие самите.

Корисникот треба лесно да се движи низ сајтот

Ако го збуните коирисникот и му го отежните патот до информацијата која му е потребна, најверојатно нема да се врати кај вас. Корисничкото искуство е нешто на кое треба да посветите посебно внимание.

Правило на 3 клика

Ако на корисникот му е потребно повеќе од три клика да дојде до информацијата која му е потребна, нешто сте згрешиле во корисничкото искуство. Вратете се еден чекор назад и пронајдете си ја грешката.

Користете го F – шаблонот

Тоа значи дека информациите кои ги споделувате на сајтот треба да бидат подредени според важноста за вас и вашите клиенти, од лево кон десно, од горе – надоле.

Боите и контурите ја креираат перцепцијата за вас

Не заборабајте дека се ова го правите клиентите да имаат позитивно мислење за вас.

Вака ќе имате задоволни корисници, ќе им го подобрите корисничкото искуство и ќе ги зголемите шансите да се врати кај вас или да ви донесе нови купувачи.

loading...