Почетна Претприемништво Apple заработи 80% од профитот

Apple заработи 80% од профитот

СПОДЕЛИ

Apple уште една година по ред, докажа дека навистина е гигант во индустријата на смартфони.

Глобалниот оперативен профит, на пазарот на смартфони, за 2016 година изнесува 53,7 милијарди долари. Истражувањето за учество во профитот, го направила познатата аналитичка куќа, Strategy Analytics, која неодамна ги објави резултатите.

Apple и iPhone за 2016 година, оствариле околу 80% од вкупниот профит на пазарот. Изразено во пари, сумата би изнесувала 44,9 милијарди долари. Профитната маржа на компанијата изнесува 32,4%. Ова би значело, дека реалната цена на смартфоните е 67,6%.

На второто место според профитот, се наоѓа Samsung. Неговиот удел е скоро 15%, односно 8,3 милијарди долари. Очекувано е да се намалат и приходите и профитот на оваа компанија, најпрво поради фијаското со Samsung Note 7. Профитната маржа на Samsung изнесува 11,6%.

Третото, четвртото и петтото место го делат Huawei (1,6%), Oppo (1,5%) и Vivo (1,3).

Остатокот од профитот го делат LG, Lenovo, Sony, ZTE, Xiaomi и останатите кинески произведувачи.

Меѓутоа, ова не значи и удел на пазарот на смартфони. Во анализата пишува дека уделот е различен, меѓутоа цената на смартфоните и трошоците за производство на еден уред, значајно влијаат на профитот на компанијата. Apple има најмалку трошоци по уред, потоа Samsung и натаму се сите останати производители.

 

loading...