Почетна Претприемништво Civic Tech – што е тоа?

Civic Tech – што е тоа?

СПОДЕЛИ

Civic Tech (граѓанска технологија) е главно информатичка технологија која овозможува ангажирање или учество на јавноста за посилен развој, подобрување на комуникациите на граѓаните, подобрување на владината инфраструктура и општо подобрување на јавното добро. Тоа ги опфаќа граѓанските апликации (civic applications), платформи кои ги поддржуваат владините тела, институциите и други софтвери кој ги овозможува тие цели.

civic tech

Граѓанска апликација е апликативен софтвер чија цел е активирање на корисниците да учествуваат во развојот на јавниот интерес преку оваа апликација. Во граѓанското општество, граѓанските апликации се создаваат за да го подобрат јавното добро, граѓанскиот ангажман и главно општествениот капитал.

“Хакатони” се состаноци на софтверски девелопери, претприемачи и владини службеници, кои бараат решенија на даден проблем. Главната цел е прошиирување на владината соработка со граѓанскиот сектор и дозвола на граѓаните да учествуваат во решавање на општествените проблеми.

Граѓанскиот технолошки простор е релативно незрел, па затоа тешко е да се квантифицира влијанието, освен ако се каже дека постојано расте, навистина многу брзо, а нови компании се појавуваат секој месец. Граѓанската технологија е производ на владите, признавајќи дека не можат се да направат самите.

Граѓанската технологија е критикувана поради неуспехот да демонстрира силно влијание, а некои велат дека хакатоните се губење време бидејќи нивниот употреблив (и одржлив) принос на апликации е толку низок.