Почетна Маркетинг Content marketing – зошто сите го зборуваат?

Content marketing – зошто сите го зборуваат?

СПОДЕЛИ

Контент Маркетинг- нешто што премногу го слушавте во 2016та? Не се секирајте, ќе ви треба и во 2017та.

Не можеме да кажеме дека традиционалниот маркетинг умре, но секој маркетер знае дека тој не е веќе доволен.Тој мора да се прилагоди на новите трендови.Така ќе постигне успех во своите маркетинг активности. Тука доаѓа како една опција контент маркетинг.

Контент маркетинг е стратешки маркетинг. Има пристап фокусиран на креирање релевантна и конзистентна содржина за ги привлече корисниците и на крајот од денот, дел од нив да станат купувачи.

content marketing
content marketing

Овој тип на маркетинг вклучува креирање и споделување на онлајн материјал (вида, блогови, постови на социјални медиуми и слично) кои не го промовираат експлицитно брендот, туку стимулираат интерес за производот.

За да бидете успешни во маркетингот мора да знаете три работи:

    • Бидете конзистентни – имајте план што сте објавиле, што ќе објавите и која соджина никогаш не смее да се најде на вашиот блог.
    • Дистрибуирајте ја содржината – не е доволно само да ја напишете, треба да знаете како да им ја однесете на купувачите да ја прочитаат.
    • Знајте си ја таргет публиката – целата работа паѓа во вода ако не знаете на кого му продавате.

rabotno.mk ивдвојува три најважни причини зошто компаниите треба да користат content marketing:

    • Ја зголемува продажбата;
    • Ги намалува трошоците;
    • Добиваат подобри купувачи, односно полојални купувачи.