Почетна Претприемништво Data Science за домашните компании и ги обликуваат новите производи?

Data Science за домашните компании и ги обликуваат новите производи?

СПОДЕЛИ

Со прашањето што е тоа всушност  Data Science и како податоците можеме да ги искористиме за унапредување на работењето, отворен е првиот настан во рамките на новиот формат под име ‘Business Tech Talks’ кој го организира ICT Hub во Белград. Цел на настанот е да ги собере луѓето од деловната и технолошката заедница и да ја поттикне размената на идеи и знаења, додека првите гости беа претставници на компаниите Vip Mobile i Planeta Sport.

Data Science  претставува спој на наука, бизнис и програмирање, примена на научните сознанија со цел да се унапреди работењето” – истакна на почетокот Дарко Марјановиќ, генерален директор на  стартапот Things Solver и модератор на настанот. Оваа област може да се примени во разни индустрии – телекомуникации, малопродажба, банкарство, огласување и медии, а на компаниите е да изнајдат најдобар начин како тоа да го направат и информациите што ги добиваат од податоците да ги искористат за оптимализација на работењето и за предвидување.

Data Science

СО УПОТРЕБА НА ГОЛЕМИ ПОДАТОЦИ ДО ПОТПОЛНО НОВИ ПРОИЗВОДИ

За тоа како тој процес изгледа од агол на телекомуникациските и препродажните компании зборуваа Натали Делиќ, CTO во компаниите Вип мобил и А1 Словенија и Зоран Бошковиќ генерален директор на компанијата Планета Спорт, кои и двајцата сметаат дека и едната и другата страна ја поврзува заедничка нитка – кога се работи за Data Science сите се наоѓаат на почеток.

“Телекоминикациските компании дефинитивно генерираат повеќе податоци од било која друга индустрија и тоа во реално време – а тоа идеално опкружување за примената на Data Science и Machine learning” истакна Натали. Тоа најмногу, како оценува, се применува во доменот на маркетингот и финансиите и претставува стандардна политика за потребите на работењето. Потоа додава: “Со Big Data сфативме дека сите неструктурирани податоци можеме подобро да ги искористиме, а Data Science ни овозможува нивно користење не само во двете погоре наведени области. Тоа ни овозможува создавање нови производи – иновација и исфрлање на се тоа она што го работиме рачно и тоа на Вип му донесе финансиски зашдеди и подобро корисничко искуство. Од друга страна, дигитализациските предизвици во индустријата на малопродажбата се огледаат во комуникацијата со корисникот, идентификацијата на неговите потреби, понудата на соодветен производ, како и во ефикасноста во соработката со добавувачите, управувањето со залихите и сл.

“ Ние во Планет пред година дена тргнавме од прашањето како подобро да ги идентификуваме нашите купувачи, нивното однесување и потреби” истакна Бошковиќ.

За таа цел, како додаде,  развивме web shop кој овозможи аналитика за која воопшто не се знаеше дека до неа може да се дојде:

“Количината на податоците не е најбитна, битен е нивниот квалитет, начин на обработка, и заклучоците од нив. Покрај тоа сметам дека не треба однапред да се дефинираат работите кои сакаме да ги изучуваме од податоците. Сите податоци се добри, ниеден не е лош, само не се губете во нив, затоа што навистина ги има премногу.“

НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК ЗА ПОДОБРО ИСКОРИСТУВАЊЕ?

За да не се случи тоа, како Натали и Зоран истакнуваат, компанијата мора да има некој кој добро ги познава податоците и кој ќе работи со нив. „Тоа ќе обезбеди да се извлече максимум. Квалитетот на податоците“, додава Натали,:

“На начинот на размислување на вработените можеме да работиме иако е тоа голем предизвик, а Data Science е еден од начините кои ќе ни помогнат на патот кон дигитализацијата на компанијата и на општеството генерално”

„Иако и кај retailer-от постојат пречки иако е најтешко да се измени една организација“ – тоа не е невозможно, вели Зоран. Тој додава дека најнапред треба да се тргне од промената на свеста кај оние кои донесуваат одлуки и дава еден совет кој почнуваат со ова – ако не сте, тргнете со тие промени што побргу.