Почетна Претприемништво European Youth Award Festival 2017

European Youth Award Festival 2017

СПОДЕЛИ

European Youth Award Festival (EYA) е европски натпревар за мотивирање на млади луѓе, социјални претприемачи и нови компании за производство на дигитални проекти кои ќе имаат влијание врз општеството. Тоа го покажува нивниот потенцијал за креирање иновативни решенија со интернет и мобилна технологија кои ги решаваат целите дефинирани од Советот на Европа и Европа 2020, како и ОН за одржлив развој (ОН).

european-youth-award
Финалистите на EYA 2017

Годишниот настан на EYA фестивалот е уникатен настан кој ги комбинира знаењето,иновативноста, вмрежувањето, инспирацијата и мотивацијата и се одржува во Грац, Австрија. Тоа е јавен настан и сите се добредојдени да се придружат. Оваа година, се одржа од 29ти Ноември до 2ри Декември и беше навистина инспиративен настан за сите кои сакаат да навлезат во водите на претприемништвото. Оваа година проектите беа поделени во 9 категории: Healthy life, Smart Learning, Connecting Cultures, Go Green, Active Citizenship, Sustainable Economics, Open Innovation, Special category: Water и Know Award.

Оваа година, EYA наградата е доделена на младите луѓе во Европа по шести пат. Секој на возраст под 33 години кој наоѓа дигитално решение за “основните проблеми со кои се соочуваат нивните општества” има шанса да ја освои престижната награда.

european-youth-award

Меѓународни експерти од сите гранки на креативната индустрија, познати како Гранд жири,ги оценуваат сите апликации во три фази.  Победничките тимови ќе добијат покана на EYA фестивалот (Победнички настан) за да ги пренесат своите проекти во Грац, Австрија.

Подоцна, победничките тимови се разработуваат и се врши дополнителна нивна евалуација од студенти од различни држави во Европа. Секако, не се заборавени и локалните студенти кои исто така работат локално на победничките проекти во тимови.

Сите учесници може да се здобијат со нови знаења од експерти, да стекнат нови познанства низ цела Европа, да разменат искуста со експерти, да презентираат идеи и најважното… да научат да излезат од својата конфорна зона.

Победникот на овогодинешниот настан е проект кој доаѓа од Обединетот Кралство. Erase All Kittens, е револуционерна, онлајн игра која им обезбедува на децата на возраст од 8-14 години познавање на компјутерското размислување и професионалните јазици на кодирање (HTML, CSS и  JavaScript), за ефикасно да ги подготват за 21 век и развој на кариери.

european-youth-award
Победникот на EYA 2017
Дури и најистакнатите визии се бескорисни ако не ги споделите. Фестивалот EYA обезбедува добра можност да се сретнете со уникатна група луѓе кои се грижат за иднината на оваа планета колку што и вие. Како вас, тие користат интернет и мобилни технологии.  Проширете ја вашата мрежа преку создавање на нови контакти и развивање на партнерства со креативни глави од цела Европа на  EYA Festival 2018– Digital Creativity improving Society.
loading...